Таг: интернет приватност

Зошто Фејсбук не ни мора да те слуша за да знае што сакаш

Само што се вратив од викенд кај мајка ми и сега добивам реклами за нејзиниот бренд на паста за заби, брендот што го користев една недела. Никогаш не зборувавме за овој бренд, ниту гуглавме, ниту нешто слично.

Како Епл планира да крене рачна на шпионирањето од Фејсбук

Да повториме, на Фејсбук му е повеќе од доволно само да ја имате инсталирано неговата апликација (без ниту еднаш да ја отворите или пак да се логирате) за да може да ве следи што правите (ако немате Фејсбук апликација на телефонот, а имате Инстаграм или Вотсап, исто ви се фаќа). Епл најде лек и за тоа во нешто што се вика „Транспарентност на следење“.

Човекот што продава камери за сечиј дом, изјави дека не сака да има камера во сечиј дом

Повторно кружејќи околу Фејсбук и приватноста на корисниците, Закерберг се напенали кога фати да објаснува дека постојаното пазење на корисниците на крај може да изгледа како Фејсбук да има камера во сечија дневна. Исто така, Фејсбук Портал за 199 долари.

Му немаш киднато на Фејсбук ако уште користиш Инстаграм или Вотсап

Ако херојскиот подвиг за годинава ти е да се избришеш од Фејсбук (што секако е добар почеток), немој да мислиш дека се имаш раатисано од социјалната мрежа, бидејќи таа продолжува да се апдејтува за тебе преку Инстаграм и Вотсап.

Приватноста е луксуз, исто како и Ајфон од 1.000 долари

Традиционалната конференција за програмери освен востановената презентација на софтверски новини од Епл годинава се претвори отворен фронт против Фејсбук и неговиот јавашлук со личните податоци на корисниците.

ЕУ парламентарците напнати го дочекаа Закерберг, го испратија уште понапнати

Очекувањата беа дека ЕУ парламентарците ќе го растргнат Закерберг и нема да остават камен на камен. Излезе дека тие што имаат вакви очекувања немаа предвид дека Закерберг го има избрано форматот и времетраењето на сослушувањето.

Фајронт за Кембриџ аналитика

СЦЛ групацијата започна процедура за затворање и прогласување банкрот на компанијата ќерка Кембриџ аналитика, заради скандалот со искористување на податоци и некоректно однесување за време на американската претседателска кампања во 2016.

Што треба да пишува во условите за користење на Фејсбук

Една од пораките кои се проткајуваа низ сведочењата на Марк Закерберг пред американскиот конгрес беше обѕирната желба корисничкиот договор за Фејсбук да биде разбирлив за луѓе. Или како што ќе објасни еден од сенаторите „Еве што сакаат сите денес да ти кажат - и ова го кажувам нежно - твоите правила за користење не ги бива. Нивна цел е да го покријат задникот на Фејсбук, а не да ги информираат корисниците кои се нивни права.“

Извинување од луѓето што го создадоа интернетот

Дури и оние кои го создадоа нашиот дигитален свет се згрозени од тоа што го креираа. Анализа на сè што тргна во погрешен правец - од архитектите кои го создадоа.

Што сè интересно кажа Зукерберг на сослушувањето

Зукерберг на спарингот со американските сенатори дојде добро навежбан и обучен се што и како треба да каже (наводно во подготовките минал и цело 4-часовно сослушување) околу сите работи кои со право или без му ги припишуваат на Фејсбук. Иако најголемиот дел од одговорите му беа по скрипта, имаше и доста ексклузивни новини во неговото сведочење.

14 години извинувања од Зукерберг не го поправија Фејсбук

Во 2003-та, една година пред основањето на Фејсбук, сајт по име Фејсмеш без дозвола ги собира сликите на студентите од интранетот на Харвард, па потоа на корисниците им нуди да ги рангираат по убавина. Ова јасно предизвикува гнев, по што сопственикот на сајтот брзо пушта извинување во кое нагласува дека не планирал ништо лошо „дефинитивно сега разбирам како моите намери може да бидат перципирани во погрешно светло.“ Сопственик на сајтот е тогаш 19-годишниот Зукерберг.

Седи, куме

Фејсбук има донирано за кампањите на 46 од 55-те членови на конгресниот комитет што следната недела ќе го сослушува Марк Зукерберг околу целото нарушување приватност што го прави неговата платформа.

Радикален предлог за заштита на твоите лични податоци

Следењето што денес ни се случува е полошо отколку во Советскиот сојуз. Ни требаат закони кои ќе го спречат собирањето на овие податоци, пишува претседателот на фондацијата Слободен софтвер, Ричард Сталман.

Провери што сè податоци Фејсбук и Гугл имаат за тебе

Иако начините на кои се користат личните податоци на интернет корисниците се далеку од поимливи како за обичниот така и за напредниот корисник, во одбрана на големите социјални мрежи и пребарувачи треба да се каже дека тие најчесто нудат преглед на податоците што ги имаат за вас. Од време на време може да проверите.

Марк Зукерберг мисли дека сме идиоти

Благодарејќи на откритијата околу Кембриџ аналитика, дознавме дека Фејсбук дозволил многу поширока и подлабока проституција на нашите приватни податоци отколку што претходно тврдеше. Неискрените објаснувања од Фејсбук навлекуваат уште повеќе прашања и уште помалку доверба кон нив, пишува поранешниот директор на Епл и Хјулит-Пакард, Жан-Луи Гасе.

Кембриџ аналитика само го искористи Фејсбук за тоа за што Фејсбук е создаден

На Фејсбук во секој момент активно роварат илјадници апликации од надворешни компании чија единствена задача е да соберат што е можно повеќе лични податоци од корисниците на социјалната мрежа, за истите, најчесто, повторно да бидат искористени на Фејсбук. Гревот на Кембриџ аналитика е што овие податоци ги искористи во корист на брегзит и Трамп.

Новите закони на ЕУ за приватност ќе создадат сосема нов интернет

На 25-ти мај во ЕУ на сила стапува новиот закон кој го ограничува начинот на кој се собираат и на кој се ракува со личните податоци на интернет. Насловот му е ГДПР (General Data Protection Regulation) а целта му е интернет корисниците многу јасно да разбираат и да се согласни околу собирањето податоци за нив.

Свити не улови 1.000 педофили

Медиумите планетарно ја пренесоа веста за компјутерското девојче на кое се уловиле илјадници педофили. И баш звучи добро: висока технологија во лов на бедници. Само што, не е до толку така.