Таг: хамас

Израел призна дека нема да може да го уништи Хамас без САД

По пет месеци интензивно војување во Газа, главната цел на израелската инвазијата е во опасност да не биде остварена откако меѓународната поддршка се сврти против Израел, предупредуваат разузнавачки извори.

Израел ќе ги лови лидерите на Хамас како нацистите

Израелските тајни служби се подготвуваат да ги убијат сите лидери на Хамас низ светот откако војната во Газа ќе почне да се стишува. И операцијата нема краен датум.

Милијардерите на Хамас

Со децении Газа неспорно е симбол за мизеријата и сиромаштијата на Палестинците, „најголемиот затвор под отворено небо“ чии жители зависат од постојаниот дотур на хуманитарна помош од светот. Периодов медиумите малку повеќе се занимаваат со раководството на Хамас, кое излезе дека не го дели финансискиот кошмар на своите сограѓани.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.

Хамас: Кабел си е кабел

Ќелијата на Хамас што го организираше најсмртоносниот напад на Израел цели две години успеала да му се скрие на израелското разузнавање комуницирајќи преку мрежа од жичани телефони поставени низ нивните тунели под Газа.

Хамас ја префрли Пакс Американа во читанките по историја

Меѓународниот светски поредок е под повеќе стрес, на повеќе места, отколку во кое било друго време од хаотичниот период по завршувањето на Втората светска војна. Работата за спречување на неговиот колапс ќе биде повеќестрана, и таа само што започнува.

Дали Хуавеи го скри Хамас од Израел?

Во општото неверување дека е возможно на комплетното израелско разузнавање да му се случи ваков историски пропуст, една од теориите што се појави е дека успехот на ал-Касам бригадите делумно се должи на користење Хуавеи телефони.

Мухамед Деиф, човекот зад нападот на Израел

Човекот кој со децении се бори против израелската држава сега како командант на военото крило на Хамас (ал Касам бригадите) ја издигна својата борба на досега незамисливо ниво.

Газа, завршна сметка

Иако и пред бомбардирањето изгледаше урнисано, сепак израелските напади успеале да направат над 1 милијарда долари штета во Газа.

Како Израел ги собори ракетите на Хамас

До сега одбранбениот систем на Израел (Железната купола) има уништено (во воздух) над 300 ракети испукани од Газа кон израелските населби. За несреќа на над 100 загинати од другата страна, Палестинците во Газа немаат ништо приближно на ова.