Таг: чипови

Бил Гејтс не штеди милиони за чипирање мозоци

Бил Гејтс и Џеф Безос се впуштија во натпреварувањето за тоа кој прв ќе стигне до микрочип наменет за во глава. За да им се помага на парализирани лица. Илон Макс тврди дека е на шест месеци до целта и има мајмуни да го потврдат тоа. Додуша, некои не издржале долго. 

Американец веќе не смее да работи за кинеска компјутерска компанија

Сите иматели на американска зелена карта, работна дозвола или пасош, што во основа го опфаќа најголемиот дел високи директори во кинеските производители на чипови, треба да изберат меѓу давање отказ или губење американско државјанство / престој.

Минусот микрочипови се претвори во вишок

Се што требало за глобалното снабдување со чипови да се врати во нормала е војна во Украина и висока глобална инфлација.

Зошто нема чипови објаснето од ЦЕО-то на Куалком

Основната причина што и претходи на денешната криза на чипови е од пред војната и пандемијата и се должи на тоа што денес сè има чипови и тоа многу „модел на автомобил што излегува на денешен ден има 10 пати повеќе чипови од неговиот претходник, а следниот модел ќе има 10 пати повеќе од него.“

Белата куќа го откажала Интел од производство на чипови во Кина

Проблемот што не може да навјаса да произведе доволно чипови Интел ќе го решава со отворање на нова фабрика за чипови, која по дифолт требаше да биде во Кина, барем додека во плановите не натежна Белата куќа и трговската војна што продолжува да ја води со Кина.

Уште две години ќе се молиме за лаптопи и графички

Глобалната криза со компјутерски чипови може да трае уште две години, е предупредувањето што доаѓа од првиот човек на ИБМ.

Од бојното поле Епл - Самсунг

Битката меѓу технолошките гиганти почнува да наликува на бескрајниот израелско- палестински конфликт. Има два нови интересни момента: а) Епл направи дупка во бизнисот на Самсунг вредна речиси една милијарда долари и б) Завојуваните страни прогласија примирје надвор од САД.