Таг: британски парламент

Британскиот парламент ќе ангажира кучиња душкачи на дрога, за низ канцеларии

Заради се повеќе докази за употреба на кокаин и други нелегални супстанци во службениот дел од Парламентот, се планира да биде повикана полиција со кучиња да почнат да патролираат и душкаат низ зградата.

Во изобилство вести за протести и вирус, ретко кој следеше што направи фудбалер на Манчестер

Светот помина низ неколку бурни месеци и недели - дел од човештвото се бореше со пандемија, друг за правата на црнците. Во шума вести од овие две теми, ретко кој читаше и слушаше што постигна напаѓачот на Јунајтед Маркус Рашфорд.

Сè лошо што сте прочитале за Фејсбук е точно

Објавениот материјал има околу 250 страници, дел од кој обележан како „доверливо“, и меѓу другото содржи и интерни мејлови меѓу Закерберг и неговите вработени. Забелешката на Фејсбук е дека објавувањето било нефер и дека муабетите се извадени од контекст.

Од 53 милиони Англичани, во Русија стигнале само 2.500 - криви се англиските медиуми

Да има Светско на Марс најбројни навивачи би биле Англичаните. Но медиумската машинерија направи страшна анти-кампања против Русија, па луѓето решиле да останат дома каде им е побезбедно.

Британски министер ја дава најбритански воспитаната оставка на сите времиња

Лорд Бејтс е британски министер за меѓународен развој. Како таков тој има должност да одговара на „пратенички прашања“. Од причини што не ги наведува, лорд Бејтс не успева да стигне на време за да удостои со одговор една од членките на Горниот дом на британскиот парламент. Заради ваквиот пропуст што не може да си го прости, тој со едно досега заборавено ниво на пристојност и воспитаност, поднесува оставка на функцијата што ја врши повеќе од 5 години.

Магна порно

Британските парламентарци и останатите вработени во британскиот парламент на секои 9 минути имале обид да гледаат порно на своето работно место, покажуваат новите бројки од тамошниот законодавен дом. Нивната верзија е дека ова не било намерно.

Како се брани буџет

Парламентарните расправи за буџетот кај нас секогаш биле повод за закрвување, особено последната (ги памтите ли тие дрпања микрофони и камери за пренос на комисии, дерњави, опколувања на спикерот, обезбедување, тегнење и исфрлање пратеници и новинари од галерија, хаос, пичке, лудило...). Затоа, одиме во Велика Британија.

Аристократскиот циркус на британскиот парламент

Она што сфативме од видеото е дека во британскиот парламент имаш право да му се дереш на противникот, исто како што противникот има право да ти се дере на тебе, додека во исто време сите што не се на говорница имаат право да ти дофрлуваат и да навиваат, ама во моментот кога спикерот на парламентот ќе стане од столче, секој присутен има право само на апсолутен молк. Само да приметите како премиерката Тереза Меј чучнува со стравопочит.