Во силна и рампоправна битка Волкановски загуби од Махачев

Австралискиот ММА борец со македонско потекло ја заврши серијата од 22 победи по ред, но сепак му пружи голем отпор на фаворитот и актуелен шампион во лесна категорија на УФЦ 284.

Борбата во Перт меѓу Волкановски и Махачев беше прогласена за борба на вечерта. 

И покрај тоа  што Австралиецот важеше за аутсајдер кој реши да направи скок погоре и доби на килажа за да се натпреварува во лесна категорија, сепак одлично парираше.

Русинот Ислам Махачев кој е од областа Дагестан и го нарекуваат наследник на Хабиб Нурмагомедов, призна дека никогаш порано не примил толку удари.

Борбата траеше пет рунди по кои судиите едногласно го прогласија Махачев за победник со што успеа да го задржи појасот.

Со овој пораз Волкановски ја прекина серијата од 22 победи по ред и ова му е прв пораз после 13 настапи во УФЦ.

 

12 февруари 2023 - 10:02