Ноќта на Волкановски и титулата на Махачев

Џо Роган тука со кредибилитет на најдобриот коментатор на УФЦ со децении, црниот појас и повеќекратен шампион во бразилско џиу-џицу Еди Браво и поранешниот ММА борец Брендон Шауб (плус комичарот Брајан Кален), во живо ја гледаа и ја коментираа борбата меѓу Волкановски и Махачев. Кога заврши борбата, посебно по последното толчење на земја што Волкановски му го приреди на Махачев, за нив победникот беше јасен, и ни по разно не беше истиот што ги избраа судиите.


На ист памет како горниве е и тимскиот колега на Волкановски, Израел Адесанја:


Даниел Кормиер е поранешен УФЦ шампион во супер-тешка категорија, моментално колега на Роган како коментатор и своевремено дел од тимот што вежба со Хабиб и неговата екипа. Неговата проценка е дека одлуката на судиите е на место:


Последните 2 минути од мечот што Волкановски го загуби:

Без разлика на дебатата и дилемите, крајниот исход од борбата нема менување: Махачев останува шампион во лесна категорија и новиот најдобар „кило за кило“ борец во УФЦ.

Посебно силна симболика на борбата меѓу овие двајца има тоа што таа се случува во време кога и двајцата се во пикот на својата кариера и кога и двајцата се шампиони во своите категории, наместо да се избегнуваат еден со друг и таа никогаш да не се случи или уште полошо да се случи кога и двајцата ќе бидат на крај од кариерата и силите. Тежината на подвигот на Волкановски е и во тоа што решава да се крене од 65,8 кг. во перолесна категорија на 70 кг во лесна категорија. Заради правилата што ги дозволува УФЦ, мерење на минимум 24 часа пред борбата, борците речиси секогаш влегуваат во ринг со плус тежина од мерењето, што беше посебно видливо во неделната борба дека двајцата борци не се иста тежинска класа.

Друга работа е што за разлика од циркузите што им претходат на најголем број борби меѓу шампиони или за шампионски појас, во оваа борба двајцата борци покажаа исклучително многу почит еден за друг како пред така и по завршување на борбата.


Како УФЦ борците ја видоа борбата и крајниот резултат:


Прес-конференцијата на Волкановски по борбата:


Прес-конференцијата на Махачев по борбата:



Последната порака од Волкановски:

13 февруари 2023 - 10:50