Моќна борба на Александар Волкановски за одбрана на шампионската титула во УФЦ

Австралиецот со македонско потекло, продолжува со извонредните настапи во УФЦ каде го бележи 20-от триумф во низа.

Во полната „Т-мобиле арена“ во Лас Вегас , Волкановски го совлада Брајан Ортега од САД и го одбрани шампионскиот појас во перо-категорија.

Ортега се покажа како незгоден ривал, имаше целосна поддршка од домашната публика, но Австралиецот со македонски корени со одличен и агресивен перформанс, покажа зошто е шампион.

Американецот ги издржа сите пет рунди во октагонот, но судиите сепак едногласно за победник го прогласија Александар Волкановски.

Ова за него е победа број 20 во низа и втора успешна одбрана на шампионскиот појас, а вкупниот скор во кариерата му е 23 победи и еден пораз.

26 септември 2021 - 12:58