Конор Мекгрегор се спречкал со мафија, животот во опасност?

Во обид да заштити некој другар криминалец, Конор претепал неколку лица кои се повзруваат со најголемиот ирски нарко-картел Кинахан чијшто основач живее во Дубаи. Наводно за неговата глава кланот нудел 900.000 фунти.

Што се случило?

Во еден од пабовите во Крамлин (предградие на Даблин) настанала голема тепачка во која учествувале четири лица. Како раскажувале очевидците, хаосот го почнал шампионот во UFC Конор Мекгрегор.

„Тој е морон. Го уважував за преданоста кон својот народ... до вечерва. Тој пријде и од ништо претепа еден невин дечко. Искрено се надевам дека ние погрешно сме ја разбрале ситуацијата“, напишала на Твитер Лиза Леонард која била на местото на настанот.

„После вечерва го изгубив цело уважување кон Мекгрегор. Пиев во бар во Крамлин, а Мекгрегор пријде и удираш по глава едно кутро момче“, напишал Карл Николсон, исто сведок на тепачката.

Според британскиот CMI, конфликтот почнал поради тоа што Мекгрегор го удрил младиот но добил неколку тупаници како одговор. Според една верзија, дечкото пробал да ги раздвои завоените страни но на крај самиот настрадал од рацете на UFC борецот. Конор веднаш го напуштил местото.

Зошто Конор започнал тепачка?

На сајтот Craziestsportsfights.com се појавил аудиодокумент на човек кој тврди дека знае за што се работи.

Според него Мекгрегор дошол во барот Black Forge за да се справи со некој тип којшто претходно му се заканувал на негов близок пријател.

„Конор влезе во пабот и го прекрши Рајан Берн. Берн беше со Пет и Пауло Тиминсам. Пред некое време тие пратиле луѓе во домот на Енди Мареј (близо другар на Мекгрегор). Не знам што се случило во домот на Мреј, а и ретко кој знае дека пред пар недели Мекгрегор се сретнал со Тиминсам и ги тепал многу“, раскажал човекот кој наводно е запознаен со ситуацијата.

Зошто се спомнува мафија?

По зборовите на авторот на коментарот на Craziestsportsfights.com, луѓето кои дошле во станот на другарот на Конор и самиот другар на Мекгрегор се занимаваат со локален криминал.

Во вторникот неделава, како што соопшти британската полиција, 50-годишен маж кој учествувал во престрелка во еден паб бил роднина на осудениот Грен Вилан, познат член на картелот Кинахан.

Картелот Кинахан е еден од најпознатите и најголеми криминални кланови во обединета Ирска. Неговите членови тргуваат со наркотици и оружје. Синот на основачот на картелот Кинахан е боксерски промотер и по информациите на лондонски The Sun, 59 членови на овој картел летале во Лас Вегас на мечот Мекгрегор - Мејведер.

Основачот Кристи Кинахан наводно живеел во Дубаи.

Дали е Конор во опасност?

Поранешниот UFC фајтер Брендон Шауб рекол дека од свои извори дознал дека за главата на Мекгрегор картелот Кинахан назначил цена од 900.000 долари. Наводно или борецот ќе ја плати таа сума или ќе го убијат.

Експертот за криминал Пол Вилијамс му советувал на Мекгрегор да ја напушти Ирска во следните 48 часа затоа што мафијата би можела да го фрли во јама.

Како реагираа самиот Конор и неговото опкружување?

Претседателот на UFC Дана Вајт се огласил уште следниот ден по веста за тепачката.

„Не е добро за Мекгрегор. Но уверен сум дека може да го реши. Братот на Џејк ЛаМот (екс боксерски светски шампион) исто истепа едно момче, но брзо го решија проблемот. Не верувам дека е вистина тоа што зборуваат за Конор. Му се јавив на неговиот менаџер да ми објасни и не верувам во тие гласини“, рекол Дана Вајт.

Татко му на Конор тврди дека ништо не го загрозува син му.

„Тоа се глупости. Апсолутни бесмислици. Нема од што да се плаши. Ние сме семејство кое го почитува законото и ќе останеме такви. Конор сега е дома со својот син. Се спремаме за Божиќ“, рекол татко му Тони Мекгрегор.

Конор неделава посетил суд врз основа на пријава за брзо возење. На излегување од зградата го прашале за конфликтот со криминалниот свет.

„Нека дојдат и нека пробаат да ме најдат“, ноншалантно одговорил светскиот шампион.

1 декември 2017 - 12:49