Зек Лавин ги засени конкурентите во забивање

Дебитантот на Минесота е вториот најмлад кошаркар, по Коби Брајант кој со само 19 години успеа да победи на натпреварот во забивање. Најдобар тројкаш на годинашниот Ол стар викенд кој се одржува во Њујорк е Стеф Кари, а Патрик Беверли од Хјустон беше подобар во „скилс џелинџ" натпреварот,

Извонредниот Зек Лавин синоќа потсетуваше на Винс Картер и заслужено доби најдобри оценки во конкуренција на Мејсон Пламли, Јанис Андетокумбо и Виктор Оладипо. 

Забивањата на Лавин во забавена снимка

Виктор Оладипо влезе со песна во сала и стана „Господин 360 степени“.

Потоа му асистираа со помош на работ од таблата

Уште верзија од табла

Мејсон Плампи го прерипа брат му Мајлс.

Потоа и тој забиваше со одбивање од работ на таблата

Јанис Андетокумбо заби на асистенција на брат му, а потоа правеа селфи фотка.

Натпреварот во тројки Стеф Кари го доби откако успеа да врзе 13 тројки по ред, а конкуренција му беа Клеј Томпсон, Кајри Ирвинг, Кајл Корвер, Џеј Џеј Редик, Џејмс Хардер, Марко Белинели и Весли Метјуз.

Патрик Беверли од Хјустон во финалето на „скилс џелинџ" мечот, беше подобар од Брендон Најт од Милвоки.