Мрме е цар, застанал да чека ред за Панини албум

Ја сплоти репрезентацијата како никој друг, направи одлична игра, ја однесе на Европско, а ја победи и велесилата Германија на гости. И покрај стекнатата слава и сите успеси, Игор Ангеловски исто како и сите други купувачи отишол да си купи албум за ЕП.

А ќе речеш селектор е он, сигурно тоа оди преку друг. Сепак Мрме вака излезе уште поголем мангуп и покажа едноставност.

Спорт1 пренесува дека имало аплаузи и овации кога го виделе.

Приказната за Мрме, пристојниот господин што ја одведе Македонија на Европско

3 април 2021 - 15:06