Манчестер обоен во црвено

Манчестер Јунајтед ја доби првата битка во пресрет на големото градско дерби кое ќе се одигра вечерва. Навивачите на Јунајтед ги надгласаа фановите на големиот градски ривал и ја обоија зградата на градското собрание во црвено.

Јунајтед го зададе првиот голем удар пред вечерашното дерби на Манчестер. Зградата на градското собрание, поточно 84% од неа се обоени во црвено.

Компанијата Virgin Media организираше натпревар на Твитер при што фановите може да го дадат својот глас со употреба на хаштаг #vmred за Јунајтед и #vmblue за Сити.

Манчестер Јунајтед добил 17.555 гласови, а Сити 3.344, па зградата на градското собрание била осветлена во пропорција на тие бројки, односно црвената боја на Јунајтед доминира на 84% од зградата на Алберт Сквер во Манчестер.