Клоп ги собрал на видео повик за јога, Трент едвај станал

Фудбалерите на европскиот шампион за време на изолацијата не спијат на тоа уво дека имаат 25 бода предност пред Сити и дека ако се доигра сезоната, титулата ќе биде сигурно нивна. Редовно вежбаат од дома.

Овојпат биле капитенот Хендерсон, Клоп, стоперот Матип, Милнер, Ван Дајк, Чембрлејн, Минамино и поспаниот Трент-Александар Арнолд кои Јирген ги барал преку видео-повик за да вежбаат утринска јога.

 

1 април 2020 - 10:13