Кај смееше да му писне некој на Колина

Шест години по ред (1998-2003) ФИФА го прогласуваше за најдобар судија во светот. Беше познат по својата строга принципиелност и имаше голем авторитет. Сега да суди во ова време на размазени милионери, ќе ги реши во секунда.

Славниот ќелавко Пјерлуиџи Колина вчера наполни 60 години. Доволни се две куси видеа за да се потсетиме колку беше заебан. На првото Соуса му влага на Недвед и му се става на Колина поради картонот, а овој му враќа: Зборувај уште и ќе те шутнам надвор.

На второто Чехот Томаш Репка му се приближи на милиметар и тоа два пати, па после го снема од кадар.

14 февруари 2020 - 15:16