Кој е Алекс Переира, душманот на Израел Адесанја

Викендов на УФЦ 281 Адесанја го претрпе првиот пораз во средна категорија и првиот пораз воопшто со прекинување на мечот. Човекот што го реши еден од најдобрите УФЦ борци е Алекс Переира, Бразилецот кој до сега два пати го има поразено Адесанја во друго натпреварување.

Во 2016 Переира прв пат го победува Адесанја во кикбокс со „контроверзна одлука“ на судиите. Една година подоцна Переира ја потврдува својата доминација кон инаку спектакуларниот Адесанја, со нокаут.

По ова Адесанја на крајот од 2017 се префрла во УФЦ, каде има серија од 12 победи по ред во средна категорија.

Серијата ја прекинува Переира во саботата на УФЦ 281 со технички нокаут во 5-та рунда. Со ова Переира има неверојатни 3-0 со Адесанја.

14 ноември 2022 - 14:07