Мора да го видите Кенет Брана како Борис Џонсон

Се појави првата снимка од Сер Кенет Брана како Борис Џонсон и за вилица до земја е.

Со помош на шминка и исклучително убедлива перика, наградуваниот актер се трансформираше во ич наградуваниот британски премиер, за серија што ќе ги покрива настаните од првите неколку месеци на Џонсон како премиер.

Според синопсисот, „драмата се случува во ходниците на моќта, како што Џонсон се справува со Ковид-19, Брегзит и контроверзниот личен и политички живот.“

„Настаните во владата се испреплетени со настани низ цела Британија, од експерти и научници што се тркаат со времето за да го разберат вирусот, докторите, сестрите и негувателите што неуморно работат да го надминат и обичните луѓе чии животи се фрлени во распаѓање.“

Ќе биде сигурно за гледање, само што уште нема точен датум - би требало подоцна годинава.

19 мај 2022 - 21:38