#MeToo дојде во Германија

Њујорк Тајмс го предизвика отпуштањето на популарен германски новинар затоа што имал афери со колешки.

„Џулијан Рајхелт е симнат од тронот.“ се радуваше Берлинер Цајтунг минатата недела откако се откри дека Билд, најголемиот таблоиден весник во Германија бил принуден да си го отпушти уредникот.

„Принуден“ е овде клучниот збор, бидејќи Рајхелт, еден од најколоритните и поларизирачки ликови во германските медиуми ја губи работата по наводи за прељуба кои ги изнесува една статија во Њујорк Тајмс. Во неа се вели дека Рајхелт, кој се ожени во 2016, имал афери со помлади колешки и дека Аксел Спрингер, издавачката куќа што го поседува Билд не е во тек со денешните освестени, #MeToo вредности и е заглавена во минатото во однос на работна атмосфера.

Обвинувањата беа анонимни, од неколку млади жени, од кои една била и унапредена од негова страна. „Така си е тоа во Билд,“ вели една од жените за Њујорк Тајмс. „Тие што спијат со шефот, добиваат подобра работа.“

Од Спрингер не сакаа да го изгубат Рајхелт - се работи за најпопуларниот новинар во Билд. Шефот на Спрингер, Матијас Допфнер, во протечен приватен разговор со пријател го фали што се спротиставил на владејачките елити во Германија. Рече дека Рајхелт бил „последниот и единствен новинар во Германија кој храбро се бунтува против новата авторитарна држава. Сите други новинари, според Допфнер, биле пропагандисти за естаблишментот. И се разбира, и самиот Допфнер го изеде поради ова.

Значи, зошто од Спрингер сметале дека мораат да го отпуштат Рајхелт? Простиот одговор е дека се појави закана по договорите за реклами и цената на акциите. Бетина Гаус, во текст за Дер Шпигел ги ублажи обвинувањата, истакнувајќи дека биле консензуални врски меѓу возрасни луѓе и го нарече отпуштањето на Рајхелт „грдото лице на капитализмот“.

Како резултат, Спрингер е под притисок да прифати значително поосвестени вредности што сега доминираат во Американската капиталистичка култура. И ова значеше дека Рајхелт, чие однесување веројатно би било толерирано во Германија - мораше да напушти. Како што кажа и Бен Смит, новинарот зад статијата што доведе до ова, американски менаџер ќе беше отпуштен за 5% од обвинувањата со кои се соочува Рајхелт - ете толку е раширен #MeToo - пуританизмот во американските компании.

„Со отпуштањето на Рајхел, можеме да очекуваме германскиот медиумски релјлеф да стане уште покроток и здодевен,“ коментира Сабин Беплер-Шпал. „Многу е можно Рајхелт да бил непријатен шеф и да не ги третирал вработените како што треба. Но беше популарен, предизвикувачки и бестрашен новинар. Медиуми полни со новинари што се однесуваат пристојно и се држат до правилата се одлична вест за естаблишментот, но ужасна за нас останатите.“

28 октомври 2021 - 08:17