И Џери Луис доби #MeToo

Постхумно, Џери Луис станува уште еден во низата обвинети за сексуална злоупотреба, како еден од најмоќните холивудски ликови во негово време.

Патентираната форма на слапстик комедија го направи Џери Луис комичарска икона на 20-от век, но ако нешто научивме од ерата на #MeToo, тоа е дека луѓето што ги сакаш на филм знаат да ти остават горчлив вкус во уста откако некој ќе се отвори колку биле језиви.

Ако на публиката ѝ горчи, тогаш можеме да замислиме како им било на овие две жени кои добиле прилика да работат со најплатениот комичар во тоа време, за да сфатат дека е само уште еден од оние на кои моќта им има удрено во глава и губат осет за тоа што може, а што е ненормално да им се приредува на другите луѓе.

Во соработка со Венити Фер и Ејми Зиринг и Кирби Дик (тоа што овие се креатори на Ален в. Фароу ти создава мала резерва, ама па Луис умре во 2017, а жртвите дури сега отвораат уста, па немаат што да добијат од ова), има краток филм со две актерки што го опишуваат нивниот мрачен, машки Холивуд.

Видеото и транскриптот се тука.

1 март 2022 - 09:30