Која е девојката со чизми на таван?

Да поќутеше и да издржеше да не излезе грдо зло од неа (види: Зелените се закануваат со чизмите од таван), немаше да дознаеме ниту дека била директорка на клиника, ниту дека за фини пари квачи фотеља во одбор на Телеком. А имаме уште еден прилог за животот и делото на Шкодране Дардишта, девојката која само привремено е во патики.

„Пред неколку години, таа освои пратеничко место но ја напушти таа позиција заради нејзината решеност да ги албанизира клиниките во Скопје.

Благодарејќи на неа, многу Албанци држат силни позиции и многу пациенти во рекорден рок биле услужени со здравствени услуги.“

*извор: Дервени инфо

8 ноември 2021 - 14:17