Кај е Чом да го изгаси светлото?

Некој Џими Лазовски на Фејсбук ја опцул американската екс амбасадорка во Македонија. Јавниот обвинител Башким Хисени го обвинил „за повреда на угледот на дипломатски претставник на странска држава“ а тетовската судијка Верка Костоска го осудила со 150 дневни глоби, тоест 1.800 евра. Што ма Верка, нема Џими на Голи оток да оди?

Верка Костоска има докторирано на тема “ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА за кривични дела во стек“.

27 јуни 2023 - 15:10