Генерација на Оземпик бебиња

Откако беше откриено дека лекот за дијабетес има нус-појава во која го блокира апетитот и драстично помага во слабеење, сега жените открија и негова втора нус-појава, а тоа е дека додека го користат полесно остануваат бремени.

Откако корисничка на Тикток споделува видео во кое е изненадена дека останала бремена кратко откако почнала да користи Оземпик, на нејзиниот пост почнуваат да одговараат серија жени кои се нашле во иста ситуација.

Со сличен феномен се соочиле и матични доктори чии пациентки биле на Оземпик и слични ГЛП-1 лекови. Според нив ова се случува затоа што и претходно е познато дека слабеењето помага да се регулира менструалниот циклус кај жените и да се зголеми нивната плодност.

Втора причина е затоа што Оземпик најверојатно ја намалува ефикасноста на апчињата за контрацепција, заради што дел од докторите препорачуваат и користење кондоми.

Нивното предупредување е дека и покрај овие случаи, Оземпик и останатите ГЛП-1 лекови не треба да се користат за зголемување на шансите за затруднување и дека можат да бидат опасни ако се земаат за време на бременост. Препораката која доаѓа со самите лекови е дека тие не треба да се користат најмалку 2 месеца пред затруднување.

25 март 2024 - 10:33