- Три месеци откако соопшти дека е најдобро да си замине, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта го убедил Чави да остане. Одлука во која влијаел и потпретседателот на каталонците, Рафа Јусте.
- „Тоа беше дискусија помеѓу претседателот и тренерот во која Чави ја покажа својата посветеност. Како локален човек, тој длабоко се вложува во клубот и уверен сум дека ќе биде одличен. Воодушевен сум од него, бидејќи тој е вистински навивач на Барса. Во Барса целиме кон победи, лани обезбедивме титула и Супер Куп“, вели Јусте.
- „Чави ја забележа возбудата од навивачите за време на четвртфиналето во ЛШ и сакаше да продолжи. Ентузијазмот, посветеноста и цврстиот проект се клучните зборови“.
- Прочуениот македонски кардиолог Сашко Кедев утрото на Велигден се качил на врвот Макалу висок 8.485 метри, петтиот највисок врв на светот и стана првиот Македонец кој го искачи овој врв.
- Успешната експедиција била составена од четворица меѓународни алпинисти и петмина шерпаси. Кедев одел со искусниот Кили Пемба Шерпа.
- Планинарското резиме на проф. д-р Сашко Кедев е импресивно: со Макалу (8.485 метри надморска висина), има вкупно 10 од 14-те „осумилјадарки“. Кедев претходно ги качи Монт Еверест (8.848), Нанга Парбат (8.126 метри), Анапурна (8.091), Чо Оју (8.188), Броуд Пик (8.051), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163) и Лоце (8.516).
- Откако Парма обезбеди сигурен пласман во Серија А како прва во втората италијанска лига, на коло пред крајот по нивен пат би можел да тргне и Комо.
- Тренерот на Комо Франсеск Фабрегас, легендарниот фудбалер на Арсенал, Барселона и Челси, би можел да го оствари сонот чекан во Комо цели 22 години.
- Комо е втор на табела со 72 бода, а трета е Венеција со 70. Во последното коло Комо дома ја пречекува Козенца, а Венеција ќе гостува кај Специја. Во случај на триумф, клубот во кој акции имаат повеќе бизнисмени и познати фудбалски лица меѓу кои и Тиери Анри и Денис Вајс, би можел да се врати во Серија А првпат после 2002-ра година.