Чави пред месец дена погодил дека во финале ќе играат Катар - Јапонија

Азискиот Куп на нации многу се следи во тој дел од светот. Се стигна до финалето каде ќе играат Јапонија и Катар. Во историскиот успех на Катарците верувал легендарниот Чави кој веќе четврта сезона игра за Ал Сад во катарското првенство.

Во една емисија пред еден месец, Чави и поранешна глумица и пејачка од Кореја Мери Ли (татко и во ’70-те работел во Катар па она живеела таму) прогнозирале како ќе се одвива Азискиот Куп.

Необично, во четвртфиналето на мечот меѓу домаќинот ОАЕ - Катар, токму корејската пејачка била единствен навивач на Катар на трибините, затоа што Катарците имале административни проблеми да допатуваат на мечот во Абу Даби (пред неколку години Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и уште некои земји ги оладија односите со Катар поради тоа што наводно оваа земја финансирала тероризам).

Чави погодил 3 од 4 пара за четвртиналето (освен Јапонија - Виетнам), погодил дури три учесници во полуфинале (утнал само со Австралија која беше голем фаворит) и прецизно ги погодил дури и финалистите. Катар направи сензационален успех откако стигна до мечот за златото што никој не го предвидуваше. Никој освен Чави.

На 1 февруари во финалето на Азискиот Куп на нации ќе играат Јапонија и Катар.

30 јануари 2019 - 13:53