Аргентина и даде четири гола на Саудиска Арабија во прво полувреме, три и поништија

Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три. 

Аргентинците се изнамачија со Саудиска Арабија и им отворија еден куп работа на судиите. После голот на Меси од пенал, се изнадаваа голови, ама сите им беа поништени поради офсајд.

Два даде Лаутаро Мартинез и уште еден Меси, но офсајд замките на аутсајдерот беа доста успешни.

22 минута - поништен гол на Меси

27 минута - поништен гол на Лаутаро Мартинез

35 минута - поништен гол на Лаутаро Мартинез

10 минута - голот на Меси од пенал

2 минута - шансата на Меси

22 ноември 2022 - 11:56