Дали сакате вашата машина за алишта сама да го избира програмот за перење, да одлучува колку детергент е потребен и да штеди струја?
24 април 2024
Колумбискиот претседател Густаво Петро најави дека деновиве неговата земја ќе ги прекине дипломатските односи со Израел заради нејзината бруталност во Газа.
Тој е гласен критичар на Нетанјаху и израелската политика и ја поддржуваше јужноафриканската иницијатива Израел да биде обвинет за геноцид од судот во Хаг.
„Не можеме да имаме дипломатски односи со влада и премиер кои се геноцидни“, порача Петро на првомајски собир во Богота.
Лани во октомври дипломатските односи со Израел ги прекина Боливија а неколку други земји од Латинска Америка (Чиле, Хондурас) ги повлекоа своите амбасадори од таму.