Македонско вино во Алан Форд
10 јули 2023
- Во хрватски превод на епизодата број 571 на култниот Алан Форд, насловена „Лудост“, јунаците решаваат интриги во измислената европска микродржава Баронство Баварија, која е слична на Кнежевството Лихтенштајн. Во еден момент, еден од ликовите, со цел да натера локален поп – пијаница да соработува, му нуди поткуп со шише – „вино од Тиквеш“.
- Епизодата во Италија за прв пат била објавена во јануари 2017 година, по сценарио на Макс Бункер и со цртеж на Дарио Перука. Од пред неколку дена увезеното издание е достапно и во одделни македонски продажни места.
- Може да се очекува дека во оригиналното, италијанско издание се реферира на некое сосем друго вино, бидејќи една од тајните на долгогодишната популарност на овој стрип, уште од првобитното издание на „Вијесник“ од Загреб (1971), е креативниот превод, кој не се држи слепо до оригиналниот текст. Во изданието не е достапна информацијата дали станува збор за реклама или едноставно за пофалба на македонското вино и прилагодување на вкусот на читателите и винопијците од регионот.