Таг: реал мадрид

Кошкања меѓу навивачите на Реал и таткото на Халанд

Алфи Халанд го следеше полуфиналето Сити - Реал во ложата на Бернабеу, каде го гледаше син му кој покриен одлично од Рудигер и Алаба, не успеа да постигне гол. Се појавија повеќе видеа на кои се гледа како се јаде со домашните навивачи по што интервенираше и полицијата. Шпанските медиуми пишуваат дека прв почнал да провоцира и дека ги гаѓал со кикирики.

Зошто голот на Де Брујн не беше поништен со ВАР?

Мега пресметката меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши 1:1 со два прекрасни голови на Винисиус и Де Брујн. Предмет на расправа број 1 во медиумите е спорниот гол на Белгиецот.

Тати Кастељанос е прв играч по 76 години кој му даде 4 гола на Реал во Ла Лига

Лоша вечер за Реал Мадрид и во фудбал и во кошарка. Кралевите се соочија со понижување од Жирона која ги декласираше со 4:2. И тоа еден ист играч ги постигна сите голови за домаќините.

Елмас се простува од ЛШ, Милан повторно тактички го уништи Наполи

Милан и Реал Мадрид ги елиминираа Наполи и Челси и станаа први полуфиналисти во Лига на шампиони. Жиру и Кварацхелија не реализираа пенали. Половина час за Елмас. На повидок е миланско полуфинале, за прв пат во историјата.

Лапорта: Не правевме ништо незаконски, Реал Мадрид како кралски клуб е секогаш фаворизиран од судиите

„Обвинувањата треба да се докажат на суд. Луѓето презентираа лажни факти без причина. Живееме во свет без презумпција на невиност каде секоја жалба го оцрнува обвинетиот. Барса нема што да крие и како резултат претрпевме огромен удар врз нашиот углед. Ова е најсуровиот напад што Барселона го доживеала“.

Кога Анчелоти ги извести играчите дека добиваат слободен ден

Фудбалерите на Реал Мадрид и се одмаздија на Барса за гостинскиот пораз во првенство и тоа со високи 0:4, а во финалето на Купот ќе играат против Осасуна. Без разлика што веќе во сабота го пречекуваат Виљареал, Карло им даде слободен ден. Пазете им ја реакцијава.

Шева без да тапне на најјаката банда на Реал Мадрид

Екипата е страшна и не случајно врза хет-трик на титули во ЛШ. Ќе се зборува за неа со години. Од момците кои ги нема сега во Мадрид, може да се забележат Роналдо, Марсело, Каземиро и се разбира Зидан.

Реал го понижи Ливерпул со петарда и пресврт, Елмас и другарите го освоија Франкфурт

Тимот на Јирген Клоп игра сезона за заборав. Паралелно со очајните резултати во Премиер лига, каде пркнаа последниве две кола, се соочи со дебакл уште во осминафиналето од ЛШ. Од 2:0 против Реал, пукна срам со пораз од 2:5. Осимен и Ди Лоренцо се изборија за ветувачки резултат на Наполи кој доминираше во Германија со 67% посед на топка и 17:5 во удари. Кварацхелија промаши пенал, Елмас влезе во 80-та.

Лудо полувреме на Енфилд, Винисиус врати со два гола, катастрофална грешка и на Алисон

Ливерпул и Реал Мадрид приредија уживање во првите 45 минути за сите пари. На брзите голови на Нуњез и Салах после 14 минути игра, Винисиус возврати со два комада за 15 минути. По киксот на Куртоа, слична глупост направи и Алисон.

Велемајсторија на Нуњез и голем кикс на Куртоа, Ливерпул има 2:0 по 14 минути

Осминафиналето Ливерпул - Реал Мадрид, како реприза на финалните битки во 2018-та и 2022-ра, стартуваше спектакуларно со многу рано водство на домаќините од 2:0. Тибо Куртоа капитулираше очајно лошо во 4 и 14 минута, прво со Дарвин Нуњез кој му изрежира супер атракција, а потоа против Салах на кој практично му подари гол.

Асенсио го има голот на сезоната за Реал Мадрид

Разликата меѓу Барса и Реал се врати на 5 бода благодарение на Асенсио и Винисиус кои ја решија Валенсија за три минути. Бернабеу уживаше во евроголот на Марко кој испука бомба која никој не ја очекуваше. Голманот не мрдна.

Тимската игра на Реал е убавина за око

Кралевите немаа муниција против Реал Сосиедад и нерешените 0:0 ги оддалечиja на -5 од Барселона. Но мора да им се признае дека низ годиниве наназад, благодарение на задржаниот костур на јаки и искусни играчи, надополнети со млада свежа крв, играат врвен фудбал. Погледнете каков проток на топка имаат.

Играч на Кадиз фати да се загрева после завршувањето на мечот со Реал

Фудбалерот кој веројатно бил дел од резервите, сакал да ги истегне мускулите, па од разгибавање направи шоу.

Реал му даде 6 на Елче, 5 од прекрасни акции, ама 3 му поништија

Актуелниот шампион на Шпанија продолжува со топ формата и со триумфот над Елче на гости 0:3, и бега +6 на Барса која вечерва го пречекува Виљареал. Кралевите везеа и створија преубави акции за головите од кои 3 им беа поништени со ВАР поради офсајд. Златната топка даде 3 од кои само еден му беше признат.

Бензема годинава има фрустрирачка статистика од пенал против голманот на Осасуна

По перфектниот старт од 6 победи по 6 кола во Ла Лига, Реал Мадрид ремизириаше против Осасуна 1:1. Карим Бензема пред себе имаше голман пред кој се блокира од 11 метри.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.

Фелш мајсториите на Модриќ се секогаш уметност

Актуелниот европски првак со убедливи 0:3 против Селтик ја почна одбраната на титулата. Маестро Лука Модриќ на 9 септември полни 37 години. Кој би рекол?

Каков жив ѕид користи Реал на тренинг?

Ова уствари не е жив ѕид, ама кралевите користат таква технологија, да тој изгледа на таков.

Алаба мајсторе, слободните во Реал од сега се само твои

Бранителот на титулата во Шпанија се помачи во првото коло од новата сезона на гостувањето против Алмерија. Губеа 1:0 по само 6 минути игра, а Анчелоти почна без Модриќ, Каземиро, Алаба. Им ја свртија во второ, благодарение на евроголот на стоперот на Австрија кој погоди само 28 секунди откако влезе во игра.

Навивачите на Надал и Реал сакаат да си играат со бројки

Во рок од неколку дена, Рафа на Роланд Гарос ја освои титулата број 14, а кралевите стигнаа до 14-та титула во ЛШ. Уредник во весникот АС, кој го води секторот за Реал Мадрид, со проста математика ја пецна Барса за еден многу тежок пораз во ЛШ.

Најјакото уметничко сквернавење на дресот на Реал Мадрид

Дечкото вели дека работел како луд на него и го завршил после 50 часа. Првиот кадар со четката може изгледа језив за секој мадридиста, ама кога ќе го види крајот, во истиот момент ќе сака да го нарача. 20 долари кошта ова ремек дело.

Спортски потег за воодушевување, на Бернабеу имаше двоен шпалир

Реал Мадрид и Бетис ја завршија сезоната во Ла Лига со најдосадниот резултат 0:0, ама одржаа лекција за почит. Вие нас се испочитувавте за Купот, ние ќе ви вратиме за титулата. Ретко убави сцени.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.