Таг: пеп гвардиола

100% шанса на Тотенхем за реми, Пеп легна на земја

86-та минута од мечот меѓу Тотенхем и Сити беше доста зезнат за гостите бидејќи многу малку фалеше да им се искомпликува патот до одбраната на титулата. Сон излезе пред голман и можеше да израмни на 1:1, Гвардиола срце ќе го стегнеше.

5 мозоци од средниот ред на Шпанија - 5 тренери на големи екипи

Тезата дека играчите од среден ред како организатори на фудбалската игра, имаат визија за да станат добри тренери не е муабет за во магла. Диригент во игра и диригент на клупа не е исто, но сепак на фотографијава има тони кликер кој и во денешно време носи големи резултати.

Има ли играч кој не сака ваква мотивација на тренинг?

Не е само до милијардите дечки. За тренер треба да си кадарен. Парите не му ги донесоа сами тие 37 трофеи на Пеп во период од 15 години. Треба да знаеш како да сработиш, да им дадеш дополнителен буст на играчите за да се борат на три фронта и да укомпонираш 23 различни карактери меѓу кои и многу ѕвезди. Цар е, нема муабет. Едноставно му лежи работата.

Пеп е ретко ингениозен ум кој егзистира во светскиот фудбал

Актуелниот европски првак на Сантијаго Бернабеу имаше 60% посед на топка, 711 додавања наспроти 441 на Реал, 656 точни додавања наспроти 392, 125 напади наспроти 70, 118 истрчани км наспроти 113.

А видовте ли што правеше Пеп при водство од 2:6?

Манчестер Сити го потопи Лутон со 2:6 во 5. коло од ФА Купот. Се играше 84-та минута, мечот веќе беше затворен, но не и за Гвардиола.

Анри го праша Пеп кој е појак, Барселона 2009 или Манчестер Сити 2023?

Пеп Гвардиола го доби признанието за тренер на годината во изборот на ФИФА, а потоа остана на бината додека се читаше најдобриот тим за 2023-та. Во него беа избрани шест играчи на Манчестер Сити, што е најголем број после тројната круна на неговата Барселона во 2009-та. Анри му постави прашање на кое беше многу тешко да се одговори, а Пеп ги изнасмеа сите со првичната реакција.

Пеп ги помеша Панчев и Пандев

Стратегот на Манчестер Сити зборуваше со респект кон историјата на белградскиот клуб и кога потсети на славната генерација која се искачи на покривот на Европа, освојувачот на ЛШ со Ѕвезда го помеша со освојувачот на ЛШ со Интер. Една буква е во прашање.

Гвардиола: Им се восхитував на Панчев, Савичевиќ и Просинечки, беа идоли на многу деца ширум светот

Легендарниот состав на Црвена Ѕвезда 1991, која ги освои Европа и светот е неизбежна тема кога овој тим игра натпревари во ЛШ.

Реакцијата на Гвардиола за Манчестер Јунајтед

А како ли да реагира поинаку за клубот кој е бледа сенка на она што беше до пред една деценија? За прв пат по 45 години примаат по минимум три гола на три меча по ред.

Го бива Пеп за мајтапи

Навивач на Манчестер Сити на мечот против Њукасл му дофрлил на Гвардиола да направи измена, а овој поштено му одговорил, да дојде да седне на тренерската клупа и да му каже која да биде измената. Нема, чешит е, ги изнасмеа во публика.

Тактичките замисли на Гвардиола со кои стигна до тројна круна

На Пеп не му е непознато да прави тактички модификации на веќе успешни тимови, но пред историската сезона мораше да направи една голема промена. Да го вклучи во системот големото летно засилување, Ерлинг Халанд.

Пеп: Тајната на моите успеси се Барселона, Баерн и Сити, со дедо ми никогаш нема да освојам ЛШ

Човекот со неверојатни 33 трофеи освоени во само 15 години кариера, сопствените успеси не ги опишува со егоистички наратив како што тоа го прават други, туку ги објаснува на наједноставниот можен начин на свет.

Пеп па Карло, тие се

Ако во денешно време треба да се каже кој е асоцијација за тренер, тоа сигурно е Пеп Гвардиола. На 52 години има освоено 32 трофеи и во само 14 години кариера стана прв тренер со импресивни 10 полуфиналиња во ЛШ.  Веднаш по него е стариот лисец Анчелоти со едно полуфинале помалку. Инаку 63 годишниот Италијанец има 25 трофеи.

Гвардиола: Емотивно сум уништен, ми се скратија 10 години од животот

Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.

Гвардиола ифрит лут на прашањето дали земал пари под рака во Сити

Манчестер Сити ќе има многу за објаснување откако Премиер лигата вчера го обвини за 100 прекршувања на финансискиот фер плеј. Под лупа се начините на кои биле наградувани играчите, како и Манчини како тренер. Пеп не е воопшто ќеифлија кога ќе добие прашање надвор од фудбалската игра.

Гвардиола во 1 минута објаснува како најопасно да нападнеш

Човекот со 32 трофеи, освоени за 14 години, кој е препознатлив по пас играта, објаснува зошто е подобро тимот да напаѓа по средина отколку странично.

Океј е Пеп, друг пат не те прашуваме кога губиш

Во Гвардиола има доста материјал за една квалитетна комична компилација од разно разни спонтани ситуации. Последната е од првиот пораз вчера од Ливерпул.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

Тик Ток будалаштина за Пеп со македонските девојки

Чувте ли за новиот фудбалски клуб ФК Слободен? Освежување на македонската фудбалска сцена за кое ви најавуваме детаљи за утре. Деби сезоната ја стартуваат викендов, а на Твитер веќе газат.

Еј немој само картон, дој да се гушнеме

Со мајсторијата на Халанд, Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија Дортмунд, а Пеп Гвардиола имаше забелешки кон судијата Орсато. Си има свои смешни моменти шпанскиот стратег од кои може да се направи многу богата компилација.

И? Се објаснивте ли Пеп?

А вака убаво, сликовито објаснува човекот.

Навивач го бркаше Гвардиола на точак за фотка

Стратегот на Манчестер Сити му влезе на кадар и прво не сакаше да застане, ама откако овој почна упорно да го брка, Пеп застана и делуваше исплашено. Сепак беше темница, без никој друг да има во близина.

Гвардиола: А во 70-те и 80-те кој трошеше најмногу пари, Норич?

Манчестер Сити ја надмина границата од милијарда евра за трансфери откако на кормилото е Пеп Гвардиола, а последното засилување им е Халанд кој го купија за 60 милиони евра. Општата критика до шпанскиот стратег е што и на таа пара, уште не може да освои ЛШ. Тој на тоа одговара дека кога Ливерпул и Манчестер Јунајтед доминирале, тие трошеле најмногу пари, а не Норич или Лестер.