Таг: киргистан

Киргистан убер алес

Од февруари 2022 до септември 2023, бројот на население на Киргистан е останат отприлика ист од 6,7 милиони на веројатно некоја илјадарка плус, ама затоа па извозот на возила од Германија за Киргистан е зголемен за 5.500 (со букви: пет и пол илјади) проценти. И тука нема ништо сомнително ни за Германија, ни за ЕУ. Кој ги знае Киргизите што прават, може почнале по три коли одеднаш да возат.

Иде глечер

Странски туристи од далечина што тие мислат дека е безбедна ја снимаат лавината што се случува од еден глечер што се топи на планините на Киргистан. Клучно: „далечина што тие мислат дека е безбедна“. Мртви нема, ама има двајца хоспитализирани.

Киднапираните невести на Киргистан

Официјалното име е "ала качуу" или грабај и бегај, а се проценува дека околу 40% од етничките Киргистанки се киднапирани од нивните сегашни сопрузи.