Таг: хари кејн

Пасот на Мусиала до Кејн кој требаше да биде асистенција на сезоната

Баерн Минхен го запиша третиот пораз во само 9 дена, а по Лацио изненадување им приреди Бохум кој славеше 3:2 и тоа со пресврт. Мусиала го отвори резултатот во 14 минута, а само 4 минути подоцна му сервираше страшно јака топка на Кејн која ја упропасти.

Хари Кејн - Еднаш топџија, засекогаш топџија

Арсенал го бележи првиот пораз во Премиер лига после оној од Манчестер Јунајтед на 4 септември. Но останува лидер на 5+ пред Сити и со меч помалку. Благодарам треба да му каже на Хари Кејн кој со погодок во 15-та минута ги реши граѓаните и испиша историја за Тотенхем.

Откачена атмосфера во соблекувална со Хари и другарите

По Челси, Манчестер Сити и Ливерпул, на премиерлигашите во нокаут фазата од ЛШ им се придружија и фудбалерите на Тотенхем. И тоа на тежок и драматичен начин, со пресврт на Велодром, каде на полувреме имаа резултат за елиминација.

Шутирај му на Хари Кејн во него, не знае

Лига Европа, сезона 2014/2015. Астерас Триполис од Кипар губи дома од Тотенхем 0:5. Хари Кејн постигна хет-трик, ама треба и да брани, бидејќи Љорис доби црвен после извршени три измени. Да се потсетиме како англискиот напаѓач се снајде на гол.

Нов лудачки филтер хара на интернет

Го сефтосаа на Хари Кејн кој го има по сите Твитер профили за фудбал.

А со ласерот во очи на Шмајхел што правиме?

Со гол од одбиена топка по одбранет контроверзен пенал во продолженијата, Англија се пласираше во големото финале на Европско првенство. За време на изведувањето на Кејн, на голманот Шмајхел му светеа со ласер од трибините.

Реакцијата на Борис Џонсон на голот на Кејн со Германија

Го чекаше цела нација, од премиер, преку министри и кабинети до навивачи, новинари, јавност. И конечно Хари Кејн збрца гол на Европското и тоа против најголемиот ривал - Германија за победа од 2:0.

Туку што беше со мајсторијата на Кејн

Тотенхем и Мурињо играат топло-ладно цела сезона. По неколку слаби резултати, во неделата го покосија Кристал Палас со 4-1. Два гола даде Герет Бејл, а два Хари Кејн. Шпицот постигна лудорија од гол.

Хари Кејн е мајстор и пред сопствен гол

Најдобриот англиски центарфор синоќа го спаси Тотнем да не прими гол во 71' минута и најверојатно да биде поразен од Барнли. После неколку минути на другата страна Сон постигна гол за важни три бода за Мурињо и Спарси.

10 играчи кои принудно облекоа ракавици наместо исклучен голман

Нема апарат кој може да го измери задоволството на неутралните гледачи кога играч под морање облекува ракавици зошто голман е повреден или исклучен, а екипата нема веќе право на измени.

Во 2009 бил хипотекарен агент, а во 2019 репрезентативец на Англија

Во екот на хитот „10 years challenge“ најпознатите фудбалери од Велика Британија постираа фотографии од тоа кај биле и какви биле пред 10 години и фотографии од денес. Цепки.

Страшен гол на Кејн против Јувентус од пола терен

На седмото издание на Меѓународниот Куп на шампиони на кои играат некои од најголемите светски клубови, Тотенхем го доби Јувентус со 3-2 со гол на Хари Кејн буквално од пола терен.

Да не купиш ниеден играч и да стигнеш до финале - како му успеа на Почетино?

Тотенхем - Ајакс беше најголемиот андердог пар во едно полуфинале откако се игра ЛШ. Ајакс последен пат во 1/2 финале на ЛШ играше во минатиот век, а Тотенхем пред цели 57 години назад кога Лига на шампиони се викаше Куп на европски шампиони.

Најубавите голови легнати на волеј

Кога ќе падне на волеј и кога играч ќе ја зафати со полна сила, тука двајца голмани нема што да бараат. Било каде, било кога. Волејот е волеј.

Фернандињо многу гледал кечери изгледа

Дуелот меѓу Тотенхем и Сити вечерва не помина со црвен картон, а требаше бидејќи Фернандињо во еден дуел со Хари Кејн мислеше дека се наоѓа во ринг. За падот веројатно не е крив, ама потоа беше на два пати безобразен со раката. Плаче за казна.

На препорака од психолог - англиските репрезентативци јаваат еднорози во базен

Репрезентацијата на Англија и после Светското продолжува да „го враќа фудбалот дома“. Пред неколку дена ја згромија Чешка со 5:0, а синоќа во Подгорица ја згазија Црна Гора со 1:5.

Колку царски потег на Покетино со измената на Кејн

Тотенхем очекувано мина како на тренинг во 1/32 финалето од ФА Купот и тоа со втор состав, а аргентинскиот стратег одржа лекција по респект и кон противникот и кон навивачите. Стварно џентлменски потег.

Седум голчишта од ЛШ кои не се за испуштање

Ако сте гледале мултипренос од синоќешните средби во Лига на шампиони, тогаш сте се изнагледале мајстории во Мадрид, Лондон, Париз и Ајндховен. Ако не сте гледале, тогаш ова е таа задолжителна компилација за вас. Уживанции.

Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

Животот на една фотографија

Во 2005 година малиот Хари Кејн со една негова другарка и уште неколку деца се сликаат со капитенот на Англија Дејвид Бекам. 13 години подоцна, Кејн е капитен на Англија и најдобар стрелец на Светското а девојчето од сликата е негова сопруга со која има дете.

Рекордни бројки од Мундијалот: Една селекција не прими гол, се досудија 20 пенали

48 натпревари кои ги одиграа 32 селекции на Светското ги одредија учесниците во осминафиналето. Не очекуваат уште интересни дуели и одговор на прашањето дали ќе гледаме средба меѓу Меси и Роналдо (ако Аргентина и Португалија ги поминат Франција и Уругвај).

Англија ја потопи Панама со 6-1, хет-трик на Хари Кејн

Англиската фудбалска репрезентација оствари историска победа на Светските првенства а Панама го постигна својот прв гол во историјата на Мундијалите.

Не е лесно да си Кејн во шеснаесетник

Кога треба да чуваш човек со 135 поостигнати гола за Тотенхем само во последните четири години, тогаш веројатно само боречки зафати вршат работи. Проблемот е што имаше два такви кои судијата ги игнорираше. И Гери Линекер го изговори зборот борење, а дека се чисти пенали се сложија и Фердинанд, Лампард и Ширер.