Таг: европско 2020

Да ги видиме дресовите на другите репрезентации на Европско

Очекувано или не, новиот дрес на Македонија во бордо боја ја разгневи јавноста до таа мера што се отвори петиција за враќање на довчерашните дресови кои му се мили и на капитенот Пандев и која веќе ја потпишале скоро 12.000 луѓе.

Најважните спортски моменти од 2020 кои ќе се паметат

Македонската фудбалска репрезентација во ноември 2020 обезбеди историски прв пласман на Европско првенство 2020. Со триумфот над Грузија во финалето од плејофот на Лига на нации, со голот на капитенот Пандев, македонските фудбалери ни приредија огромна радост. Тоа со сигурност беше настан на годината 2020 во Македонија.

Што се случува на релација ФФМ - селектор?

Најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал со пласман на Евро 2020, некако го расипуваат шпекулациите околу новиот договор на човекот кој ја однесе Македонија на прв континентален собир.

Хрватите славеле во македонски ресторан во Загреб

Откако сфатиле дека и сребрениот медал во силна конкуренција на Европското е огромен успех, хрватските ракометари синоќа решиле да се опуштат во македонскиот ресторан „Свети Никола“ во Загреб. Домаќините се пофалија дека имале можност да ги нагостат „каубојците“ кои се вратиле од Стокхолм.

Херојски пресврт на Хрватска на чело со Карачиќ

Само Балканец може да приреди ваква драма. Имаа -5 во прво, -3 на пауза, повторно -5 во втор дел и на крај сепак успеаа да и направат целосен пресврт на една Германија и да се пласираат во полуфинале. Последниот напад за победа на Хрватите го реши екс Вардарцот Игор Карачиќ за конечни 25:24 кој го заврши мечот како прв стрелец со 7 гола.

Пјонтек и Милик веројатно на клупа, Левандовски сам во нападот

На нашето прашање на прес-конференцијата на Полска, селекторот Јиржи Бржечек објасни зошто не размислува мечот да го почне со тројцата врвни центарфори, туку ќе стартува само оној најдобриот.

Полјаците ја ишараа охридската променада

Околу 2.150 карти фудбалската федерација на Македонија обезбеди за гостинските навивачи за мечот со Полска од квалификациите за Европско 2020. Меѓу Полјаците има и хулигански групи од кои некои слетаа и на аеродромот во Охрид. Уште не приземјени, вандализираа.