Таг: азиски куп на нации

Лудачки гол на Катарец против Јапонија во финале

Катарците направија сензација откако стигнаа до финалето на Азискиот Куп на нации, прво историско за нив. А таму попладнево играат против Јапонија и после 45 минути водат 0:2. Првиот гол на Али Алмоез од клубот Ал-Духаил беше неверојатен, а ни вториот на Абдулазиз Хатим не беше ништо послаб:

Чави пред месец дена погодил дека во финале ќе играат Катар - Јапонија

Азискиот Куп на нации многу се следи во тој дел од светот. Се стигна до финалето каде ќе играат Јапонија и Катар. Во историскиот успех на Катарците верувал легендарниот Чави кој веќе четврта сезона игра за Ал Сад во катарското првенство.

Катарци дадоа гол, навивачи на ОАЕ ги гаѓаа со чевли

Селекцијата на Катар е на прагот на историски пласман во големото финале на Азискиот Куп на нации откако води со 2-0 против домаќинот на турнирот Обединети Арапски Емирати. Само што Алмоез го постигна вториот гол за Катарците, следуваше дожд од чевли од трибините.

Фото на денот со фотограф од Ирак

Селекцијата на Ирак е елиминирана од Катар во осминафиналето од Азискиот Куп. Фудбалерите на Ирак разорачани во солзи го напуштија теренот, а вака ја доживеа елиминацијата и еден ирачки фотограф. Тоа се тие емоции за фудбал, па дури и кога те пратиле на работа.

Добија пенал во 2-ра минута, голманот им одбрани по суфлирање

Иран влезе во четвртфиналето на Азискиот Куп на нации откако со 2-0 го победи Оман. Интересно, мечот само што почна а Оманците добија пенал кој голманот на Иран Алиреза го одбрани откако Сердар Азмун му кажуваше каде да се фрли.

Што рака ќе имаше голманов на Иран

Алиреза Бејранванд, голманот на Иран има фасцинантна животна приказна. Неговата способност да фрла топка како каменче се должи на тоа што како мал бил добар во Дал Паран - традиционална иранска игра во која победува тој што ќе фрли камен најдалеку. Чесно е да се каже дека тоа многу му помогнало.

Фото на денот со кралот и чистачот

Деновиве се игра Азискиот Куп на Нации кој се одржува на секои четири години. Во овој дел од светот сите со големо внимание го следат Купот, па така и јорданскиот крал Абдула II. Откако се појавила фотографија како еден чистач на улици преку излог го гледа мечот Јордан - Австралија 1-0, јорданскиот крал решил да го покани следната со Сирија да ја гледаат заедно.

Хонда и Кагава промашија пенали, Јапонија испадна

Актуелниот шампион на Азискиот Куп на нации, Јапонија изгуби 5:4 на пенали од Обединети Арапски Емирати. Во регуларниот дел беше 1:1, а потоа Хонда и Кагава промашија пенали и самураите испаднаа во четвртфиналето. Противник на Емиратите во полуфинале ќе им биде домаќинот Австралија, а вториот пар е Ирак - Јужна Кореја.

Ножичките на Тим Кејхил против Кина

Репрезентацијата на Австралија против Кина игра за полуфинале на Азискиот Куп на нации, а резултатот го отвори Тим Кејхил со еврогол во 49. минута. АКН се игра во Австралија, а за полуфинале ќе играат уште Иран, Ирак, Јапонија и ОАЕ. Јужна Кореја е прв полуфиналист.

Самурајот Хонда даде гол, па промаши невозможно

Откако ја победија Палестина во првото коло на Азискиот Куп, Јапонците утринава со 1:0 го добија и Ирак и веќе имаат шест бодови. Натпреварот против денешниот противник го одбележи епското промашување на Кеисуке Хонда, кој претходно даде гол од пенал.

Детето што собира топки помогна за одбрана на пенал

На меч од Азискиот куп помеѓу Кина и Саудиска Арабија, при резултат 0:0 во 62 минута, кинескиот голман беше на искушенија да брани пенал. Инструкциите за тоа на која страна треба да се фрли ги доби од зад грб, а неговата селекција потоа постигна гол за победа.

Палестинско мајагери против Јапонија

Азискиот Куп на нациите 2015 започна во Австралија. Утрово играа Јапонија и Палестина, а самураите победија 4:0. Дуелот го одбележа тешкиот фаул на еден од Палестинците.