Писма на читатели

Лажни писма на лажни читатели во земја во која сè е лажно освен Заев и датумот

Не се нормални! Со свои очи видел и се расправал со келнерот. Па мене ми прати одма слика пошто знае дека ќе се напиздам. Нема поента да лаже нит е у тој бизнис. Не се токму!

Шаховски писма на читатели

Во врска со шахот во Битола на сликата каде некои две госпоѓи играат шах се гледа дека не знаат како се игра шах.

Вакцинирани писма на читатели

Организацијата на вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“ делува пристојно. Нема многу „само да прашам“, термините горе-долу функционираат, даваат вода, а се сетиле да ставаат и тенди над влезовите бидејќи таму сонцето навистина силно пече. Само што...

Практични писма на џафкачи - архитекти

Моментално се чекаат 5 црвени светла за да се помине семафор. Што би се случило кога 600 нови автомобили скоро едновремено ги напуштаат зградите заради одење на работа? А во исто време, во планирана деловна зграда, барем исто толку автомобили би пристигнале со луѓе што одат на работа. А тука е и молот!

Читателски писма за глобусот и изместеноста

Глобусот е ориентир што треба да му помогне на ученикот да се запознае со местоположбата и имињата на државите во светот. Причината зошто толку внимание посветувам на овој мал глобус е затоа што го отсликува македонското образование онакво какво што е – изместено од оската.

ПОЦ за рециклирањето: Имаше проблеми, ги решивме

Ги разбираме реакциите на граѓаните и секако ги земаме во предвид сите нивни коментари бидејќи овој проект е создаден токму за нив.

Рециклирачки писма на читатели

Написите по порталите “ЦЕНТАРЦИ ЌЕ КУПУВААТ СО ПОПУСТ ВО ПОВЕЌЕ ОД 70 ЛОКАЛИ“ ме потсетија дека треба да подобјаснам како кај нас функционира рециклирањето на пластични шишиња.

Писма на скицирани читателки

Сакате да го објавите или не, морав да го споделам. Колку и да е за плачење, денес се изреметив од смеа по кој знае кој пат.

Поштенски писма на читатели

Пликоата се адресирани на пет различни локации во Скопје: Тафталиџе, Карпош 1 и 3, Центар и Бутел. Неколку дена пред Нова година стигнува абер од Тафталиџе: фала на картичката, и слика на истата под елка. Баш сум среќен, ете годинава луѓево ги добиле на време. Значи, работите можат и тргнуваат кон подобро. Ха, на мојата наивност ѝ нема крај.

Читателски писма од Попова Дрисла

Како што периодов се актуелни објавите за посетеноста на нашиов бисер во ек на сезона - дека вака не бил посетен последни 20-30 год и какви само не проекти не биле предвидени за негов развој, глава да те фати.... во ист толкав период колку што сум редовно присутен таму, јас волку ѓубриште немав видено насобрано на куп сè до вчера..

Навидум рибарски писма на читатели

Покрај гужвата од кардиолошко освестени, Вардарот е полн рибари во овој период од годината, од ним познати причини. Двајца, 50+, на некое метро дистанца, фокусирани на тапите ко партиски бот на твитер, со 3 дена бради, цигара што сама догорува во уста, без да тргне поглед од водата, едниот вели: Ја ебаа рекава брат, ова веќе ни љубљански конзилиум не го оправа!

Писма на еколошки извозени читатели

Некој би рекол, одлично, со оваа набавка ќе се зголеми капацитетот на ова јавно претпријатие и ќе се зголеми хигиената на Град Скопје, но правото светло на оваа набавка се гледа дури откако ќе се прочита тендерската документација.

Писма на еуростандардни читателки

Јас лично се чувствувам ограбена, изневерена, манипулирана од овој "стабилен" систем, а макотрпно штедените пари во текот на 25 години, пропаднаа во тој "стабилен" систем. Систем за кој континуирано бевме убедувани од страна на НБРМ дека функцонира и дека тие - НБРМ работат во и за наш интерес, за интересот на граѓаните од чии пари живеат. Ние граѓаните испаднавме жртви само затоа што верувавме. Верувавме и затоа што во Еуростандард Банка штедеше и првиот човек на МФ - самата министерка за финансии.

Писма на извозени читатели

Како изгледа охридско комбе во време на пандемија, кога газди ги терааат шоферите да плаќаат од свој џеб ако не ја постигнат тарифата по која му се исплати да превезува патници.

Читателски „Како го поминав летниот распуст“ писма

Почитуван Трендо, почитувана редакција.
И јас напишав состав „Како го поминав летниот распуст“. Ама пошто сум голем и неодам на училиште нема пред кој да го прочитам и немам наставничка да ми го отцени. Така да ви го испраќам вас, па вие прочитајтего пред цел “клас” и отценетеме. Се надевам дека нема да заигра црвеното стило!

Родителски писма на читатели

Точно е дека вирусот е опасен и дека треба да се заштитиме. Но, сега е време да разговараме со децата и да им објасниме зошто и како треба да ги почитуваат трите едноставни мерки: држење растојание, миење раце и носење маска. Вирусот е минлив, образованието е за цел живот.

Пациентски писма на читатели

Маја Мојсова, секоја чест за постојаната борба последниве три месеци, но, ви текнува ли како при немање елементарни услови и надоместок за работа, некој протестираше за 300 денари паркинг?

Матурски писма на читатели

Очигледно пандемијава со корона вирусов за едни важи, за другите не. Додека за едните не важи полаѓање на државна матура затоа што било премногу ризично за ширење на епидемијава, за другиве кои што завршиле средно школо во некоја од претходните учебни години и поради одредени причини тој период не полагале државна матура, за нив тој закон не важи и мораат да полагаат сега. 

Карантински писма на читателки

Која е логиката државата да се спрема да отвора кафулиња и ресторани, а сѐ уште да држи огромен број граѓани во државен карантин?

Писма на раскликани читатели

Која е причината заради која Денко Малески замижува пред овие написи и дела? Која е причината заради која Денко не верува на волјата на сопствените предци за своја сопствена слободна татковина? За своја посебност?

Писма на читатели кои знаат да кликаат

Во документот се спомнуваат само две народности: Македонци и Турци. Зборот Македонец е напишан со голема почетна буква М. Овој документ големо бугарските шовинисти и врховисти не можат да го порекнат, зашто книгата е издадена од Бугарската академија на науките. Осум години покасно во 1963 г. бугарскиот комунистички диктатор, историчар, антрополог и јасновидец Тодор Живков им наредил на научниците во Бугарија: Македонци не постојат, никогаш не постоеле и не може никогаш ни да постојат.

Читателски писма за малите победи

Вие сте отпорот. Вие сте неприкосновениот дел од системот. Вие кои издвојувавте неколку мали победи деновиве. Дозвoлете да го започнам текстов со една приказна.

Писма на упорно нетестирани читатели

До кога ке нè држат затворени и лишени од слобода чекајќи да нè тестираат, ако веќе никој упорно не доаѓа да нè тестира иако ние бараме?

Анти-цитронски писма на читатели

Друже Трендо,
Откако се затворивме по дома поради ситуацијава, драстично се зголеми бројот на експерти за 5G, експерти за корона и експерти за вакцини. Во најголем случај се експерти и за трите, а можеби и за кемтрејлс.