Фудбал

Пропаст до пропаст во Манчестер Јунајтед

Најтрофејниот англиски клуб со дури 20 шампионски титули, веќе неколку години не може да излезе од живата кал во која западна по заминувањето на големиот Сер Алекс Фергусон. Манчестер Јунајтед синоќа изгуби 0-1 од големиот ривал Арсенал, го претрпе 14-от пораз во сезоната (не било така со децении). Навивачите потопени и резултатски и буквално од дождот кој прокиснува преку кровот на веќе застарениот „Олд Трафорд“.

Немаше спиење во Болоња, се славеше на големо

Една од најубавите фудбалски приказни сезонава се крие во Болоња. Во 2014-та испаднаа од лига, а сега ќе играат Лига на шампиони. Еден Наполи нема да игра, а минатата сезона беа шампиони.

Велелепна акција на Абердин, нов гол на Миовски

Абердин го декласираше Хибернијан на гости со 0:4, натпревар на кој Бојан Миовски го постигна својот 16-ти лигашки погодок, вкупно 26-ти сезонава. Го помина Орајли од Селтик и сега е осамен на третата позиција. Абердин е на 7-ма позиција и до крај игра уште со Ливингстон и Рос Каунти.

Адеми ја заби против Осијек, а голот вреди нова титула за Динамо Загреб

Седма титула во низа, 18-та во последните 19 години, 25-та во 33-те години од осамостојувањето на Хрватска и 34-та во клупската историја, заедно со титулите освоени во време на Југославија и Кралството СХС.

Веѓа тактиката е на Анчелоти, ама ја има и Алонсо

Шегата на страна за ова со веѓата, но тоа што го прави Анчелоти со пресвртите во Реал веќе подолго време, сезонава го прави и Чаби Алонсо со Баер. Големи се шансите да се сретнат во финале и тоа уште летово.

Прославата на бисерот на Реал кој ја подели Јужна Америка

Бразилски Палмеирас со 0-5 го згромил уругвајски Ливерпул Монтевидео во 4. коло од групната фаза на Копа Либертадорес. Младиот 17-годишен Ендрик кој наскоро оди во Реал Мадрид со кого потпиша договор, постигнал гол во 82’ минута. Го прославил како кинг-конг за кој рекол дека му е омилен јунак од цртаните филмови. Му рипнаа да го тепаат.

Неверојатната 90+ серија на Баер Леверкузен

Некогаш ги викаа на времето Неверкузен затоа што во една сезона изгубија титула во последни кола, изгубија финале на Куп и финале на Лига на шампиони. Сега добија нов прекар - Неверлузен. Станаа нов германски шампион, ја урнаа хегемонијата на Баерн Минхен, ќе играат финале на Лига Европа, финале на германски Куп и имаат неверојатна, рекордна серија од 49 меча без пораз. Притоа на 17 меча сезонава дадоа гол во 90-та или во 90+ минути, а 12 од тие голови биле за пресврт или нерешено.

Колку беше квота за тројна круна на Леверкузен пред стартот на сезоната?

Новиот германски шампион во рок од 4 дена ќе игра две финалиња. На 22 мај во Даблин против Аталанта во рамките на ЛЕ, а потоа на 25-ти во Берлин во Германскиот Куп против Кајзерслаутен. Ако го совлада италијанскиот тим годинава ќе игра уште едно финале, а тоа е Супер Купот на Европа на 14 август во Варшава. Ќе се појави ли јунак што типувал на тројна круна за која кладилниците, замислете на почеток на сезоната им давале шанси од 0.005%? Со 10 фунти 182.070 фунти ќар или 211.639 евра.

Роналдо пак беснееше

Во 31. коло од саудиската лига, Ал Наср на гости го совлада Ал Ахдуд 2-3 со гол на Брозовиќ дури во 90+1’ минута. Кристијано Роналдо претходно го отвори резултатот во 15’ минута а подоцна во текот на мечот доби жолт картон поради тоа што му се извикуваше на судијата.

Историја за Олимпијакос, четири клуба ќе им играат во финале на еврокупови

Во историјата на грчки Олимпијакос немало ваква сезона. Нивните навивачи едвај ќе постасаат да ги изгледаат сите битки за трофеи. Ќе играат финале во фудбал, кошарка, ракомет и ватерполо.

Наградата за глума на годината дајте ја во Виетнам

Од срце се изнасмеа коментаторот, иако веќе не знаеме дали ваквите ликови се за смеење. Пратете го во театар.

Ал Фејха одбележа една година од маестралниот лоб на Трајковски

И покрај тоа што немаше некој блесок, Саудијците се потсетија на еден мајсторски потег на Александар Трајковски постигнат пред една година во дресот на Ал Фејха. Фантастично изведено.

Луѓе, овој Баер Леверкузен дефинитивно не е нормален

Баер Леверкузен е финалист на Лига Европа откако синоќа режираше нова драматургија. После триумфот 0-2 во Рим, синоќа на својот стадион губеа со 0-2 од Рома но во последни секунди од мечот израмнија на 2-2, ја продолжија ненормалната серија од 49 меча без пораз и направија ново чудо!

Анри ја потенцираше грешката со офсајдот на Баерн, ама направи и мајтап

Нема фудбалска вечер во студиото на Си Би Ес без хумор во режија на триото редовни гости во улога на експерти. Тиери Анри рече дека главниот судија направил голема грешка што досудил офсајд во 113-та минута, иста каква што имало во филмот „Pretty Woman“. Водителката не можеше да застане со смеење.

Како играч на Борусија глупо ќе го пропуштеше финалето

Дваесет и четири годишниот стопер на Борусија Дортмунд Нико Шлотенберг за малку ќе беше малер на сезоната. Тргна да слави историска победа против ПСЖ во полуфинале и пласман во големо финале на Лига на шампиони, ама за малку не се прекрши. По сопствена вина.

Како изгледаше тифото на реновираниот Сантијаго Бернабеу?

Ултра модерниот стадион на Реал Мадрид кој собира 85.000 гледачи, крцаше на европската дерби пресметка против Баерн. Кој знае кој е филинг е да ја доживее човек во живо оваа величествена атмосфера.

12 годишното проклетство на ПСЖ

Точно е дека во нокаут фаза постојано им паѓаат гиганти, како на пример три пати Барселона, а по два пати Реал, Баерн и Сити, ама точно е и дека потрошија астрономски 1,5 милијарди за да ја освојат Лигата на шампионите. Врвот во овие 12 години им е само едно финале.

Дон Карлито

Легендарниот италијански тренер ќе го игра своето шесто финале на Лига на шампиони а има и четири трофеи од истото со што е најтрофеен стратег во историјата на најсилното европско натпреварување.

Нов испад на Винисиус

Во моментите кога Реал имаше позитива а Баерн јуришно ја бараше топката за да во судиско продолжение проба да израмни (и израмни ама им поништија гол), Винисиус неспортски се однесуваше со бекот на Баерн Јозуа Кимих.

Хариевото проклетство - Баерн првпат после 12 години без ниеден трофеј

Најтажниот фудбалер во Европа синоќа доживеа очај: Хари Кејн минути го делеа од ново европско финале на Лига на шампиони откако веќе загуби едно. Не успеа поради голмански кикс и пресврт на Реал Мадрид во последните мигови од мечот.

Спорната судиска одлука во 113 минута која фрли дамка на Бернабеу

Реал и Баерн одиграа драматично реванш полуфинале во ЛШ како што го личи, но судиите направија голем превид во финишот. Де Лихт: Линискиот судија ми кажа „Извини, направив грешка“.

Хоселу - јунакот на Мадрид, го бодрел Реал од трибини со татко му пред две години

Фудбалот пишува романи. Како оној на 34-годишниот Хозе Луис Мато Санмартин или попознат како Хоселу. Ветеранот кој во Реал Мадрид е позајмен од Еспањол, клуб со кого испадна во втора лига, ги дочека своите 5 минути животна слава.

Модриќ во 85-та минута спречи водство на Баерн од 0:2

Што играч ќе беше Лука Модриќ? Освои 25 трофеи со Реал, во септември полни 39 години, младите го потиснаа и уште има желба и мотивација за игра. Цел терен го претрчна и им спречи чиста шанса за гол на Баварците.