Off Café › Галерии

Највпечатливото од други години на Мет Гала

Додека уште трае еуфоријата во модниот свет, да се потсетиме какви изданија имаше претходните години. Сепак повторувањето е мајка на знаењето, а некој може и пропуштил дека една година, Ријана дојде како Папа.

Сите на Мет Гала 2023

Како за тема за која се драмеше година дена однапред, настанот посветен на Лагерфелд помина многу занимливо, со по некоја одлична идеја, ама не баш со многу сечење вени од страна на медиумите. Некои беа врв - Никол Кидман, Џена Ортега, Глен Клоуз (можеби малку чаршав со ластик на крај, ама сепак е Глен Клоуз), Диди, Кендал Џенер, дури и Ким Кардашијан; имаше досади што не се потрудиле (или немале капацитет да се потрудат), имаше луѓе што се гледаше дека дошле колку да испоштуваат и еден Том Форд што дошол како Том Форд, што случајно е иста боја како Лагерфелд. И на крај, еден вечно болен за внимание - Џаред Лето.

Дизни фустани во живо

Некој (достоен за костимографија во студијата на Дизни) земал и од нула ги изработил фустаните на принцезите (и на понекоја вештерка или вила). Некако, за сезона на свадби најарен ни се чини на Урсула фустанот.

H&M и Муглер

H&M има нова соработка, овој пат со Муглер и ваквите потези им се секогаш возбудливи. Ќе има облека за жени, мажи и ќе има додатоци - некои со највпечатливите силуети на Муглер. Официјално ја нарекуваат шанса да се прослави историјата и парчињата што до ден денес се обожавани.

Уличната висока мода го отфрли минимализмот

На ревиите со haute couture никогаш не било едноставно, ама годинава како уште повеќе да се заинатија - нека ви текне на лавовите на Скиапарели. На улица, луѓето реагираат пригодно и адекватно. Хајлајт: тоа златното.

Е, исто е, де.

Ви текнува на Селест, што лови, фотографии од прекрасни славни личности и ги копира, со себе во главна улога? Е па, не е запрена. Под хаштагот #CelesteChallengeAccepted, што стана вирален во 2015, се исмева со драматичните пози на манекенките, глумиците, пејачките и инфлуенсерките, покажувајќи како тоа реално изгледа, и што е побитно, како во таа поза изгледа нормално, неспремно тело. Комплетно свесна за својата појава и со инсистирање на реализам, стига до 8,2 милиони следачи само на Инстаграм, и заслужено е. Затоа што е, скоро, па исто. Скоро. На Инстаграм е @celestebarber.

Лица што ги знаеме, на нивните први ревии

Ако го следите модниот свет, можеби имате омилени манекенки и можеби и им ги знаете легендарните прошетувања и насловни страници. Овде, ги имаме нивните први појави на писта, од Твиги во ‘6-те, до Каја Гербер (на Синди Крафорд) во 2017.

Улична мода: Њујорк и Милано

Март дојде, време е да се инспирираме. Не се сите комбинации лесни за изведување по нашите улици. Ама некои се скроз погодени. Модна инспирација од шетачите по Њујорк и Милано за време на нивните модни недели.

Како се дотераа луѓето за БАФТА

Вчера беше 76-то доделување на наградите на Британската академија за филм, и освен што се виде со што сѐ филмско може да се пофали светот во моментов, по црвен тепих се прошетаа луѓе облечени фантастично, класично или досадно, плус Ања Тејлор Џој во Скиапарели и Ема Томпсон во Питарас што заслужуваат своја категорија. И двете се сосема валидни и не знаеме кое е попрејако. И сребренион не се шали.

Екстраваганцата на ‘70-те во Њујорк низ фотографии

Писателот Боб Колачело брзо се снаоѓал со неговата мала Минокс 35 ЕЛ камера - и двајцата си купиле иста со Енди Ворхол кога биле во Германија. Пишувал и го надгледувал списанието Интервју, а себеси се опишувал како фотограф и привилегиран сведок на декаденцијата. Јака страна му бил пристапот зад кулисите, во ера кога аристократи, членови на декадентни друштва, актери, политичари, манекенки и уметници се разминувале меѓу себе. Сега има изложба во Париз, со фотографиите, плус лични спомени (како порака за благодарност лично од Лајза Минели) и стари изданија на Интервју. Њујорк го гледа како град на себеизмислување, со луѓе кои доаѓаат од секаде и сè се врти околу пари. Новите пари се добредојдени, дискотеките се полни со егзотични луѓе, богати и не-толку-богати - како преклопување на американското општество и европската аристократија.

Човекот што ја редефинираше модната фотографија

Инспириран од филмски величини како Фелини, Џан Паоло Барбиери создава фантазија, грандиозност и спектакл во неговата работа.

Во 1943, Мусолини ја води Италија во катастрофална војна, а Џан Паоло Барбиери има само осум години. Години подоцна, Италија успева да се врати на нозе и повторно на пиедестал да ја врати уметноста и културата, а индустриите да ги врати на светската сцена. Барбиери ги памети тие години како економско чудо, основа за „долче вита“, со весници, фотографии и филмови во главни улоги. Фасциниран од филмови, сценографија, костими и светло, ја почнува неговата кариера. Сега на 85 е благодарен за слободата во која уживал, но ги препознава промената и еволуцијата како суштински елементи на неговата креативност. Целата негова приказна ја има тука.

Портрети на уличен стил во Лондон, Париз и Мадрид

Има нова книга, „Персона“ од авторите Сара Стедфорд и Џон Моралес која ги поврзува точките што ги спојуваат младинските култури во различни градови.

Денес, младите се соочуваат со криза на трошоците за живеење, рецесија, родови, културолошки војни и внатрешни притисоци да реагираат на сè што им е фрлено на пат. Ваквите притисоци бараат усвојување на едно чувство на генерациско заедништво, и она што им е важно на младите (а треба да ни биде на сите) е зачувување на тоа чувство на индивидуалност. Книгата со фотографии „Персона“,  е ехо баш на ова чувство, со портрети снимени во текот на 2022 кои ја истражуваат уметноста на сарторијалното себеизразување.

Најдоброто од модната недела во Копенхаген

Јануари во Копенхаген значи ветер и дожд, но февруари носи модна енергија што според ај-ди.вајс „Можеше да се почувствува на допир“.  На модната недела во Копенхаген, брендовите учесници мораа да исполнат минимум 18 стандарди за одржливост, како на пример - користење најмалку 50% од избраните материјали, забрането пакување за една употреба, никако крзно и нула-отпад. Вака, модата уште пофино звучи.

Модна инспирација: Алекса Чанг

Алекса Чанг е it-girl на 21 век; ниедна друга миленијаска модна икона не влијаела толку широко и толку трајно. Кариерата ја почнуа околу 2005, како модел за реклами, па како презентерка на телевизија. До 2008 веќе станува интернационална, како глобална стилска икона поради специфичните модни избори и заразниот карактер. Нејзиниот стил го дефинираше периодот од 2000 до 2010. Сега е моден уредник во Британски Вог и има сопствен моден манифест со наслов It. Како и нејзиниот идол, Џејн Биркин, името го позајмува и на една од најбараните ташни на новата ера - Mulberry Alexa. Овде ја имавме и нејзината, а овде ја шминкаше Лиса Елдриџ.

Едно поинакво цртање на парчиња облека

Минималистички цртежи на облека - дело на уметницата Шира Барзилаи која себеси се нарекува „поетеса за цртежи“. Уште финоќи што успиваат и што одлично ќе ни дојдат и во плакар, има кај неа на Инстаграм.

Што направи гостинот во Луи Витон?

Луи Витон сега понуди едно калеидоскопско исксутво, со бои како во игротека, циркус, шарено - тропи од детството, одново измислени како кич луксуз. Зад сето ова стои Колм Дилејни, првиот гостин-дизајнер за машка колекција во ЛВ. Слоганите беа „Фантастична имагинација?“, а комбинациите ќе процените сами каде би можеле да ги натнете. Во секој случај - занимливо. И неозбилно, барем за класичните типови. За млади мажи, желни за начин на изразување преку мода - частење.

Драматични постери за плашење мажи од венерични болести

Во 1940-те, како време неосвестено за опасностите од незаштитен секс без обврски, имало наезда на сифилис и гонореја. Долго пред правата на сексуалните работници воопшто да станат идеја, американското општество решава да пушти постери кои требало да ги заплашат наивните мажи од венеричните болести „со кои се полни девојките од улица, што може ви се чинат убави, ама кој ќе ве лечи после.“ А на постерите, хорор верзии од „опуштени“ жени што само сакаат да ги заразат.

Лиза Мари Присли: Живот во фотографии

Вчера, на 54-годишна возраст почина Лиза Мари Присли. Беше единствено дете на Елвис и Присила Присли, се бавеше со музика, во брак беше со Мајкл Џексон и Николас Кејџ и имаше четири деца. Вчера беше хоспитализирана поради инфаркт и по некое време, Присила објави дека не успеала да се извлече. Фотографиите се од бебе, па до пред два дена, на Златните глобуси.

Улична мода: Инспирација за јануари

Во сред зима сме и тоа тера на фрлање на себе што најдебело ќе најдеш во плакар. Еве 31 комбинација што докажува дека не мора да биде толку досадно. Огромни капути (по можност во боја), панталони од лажна кожа, несекојдневни комбинации на чевли и сукњи... Видете си, може ќе ви текне нешто.

Ако Тим Бартон режираше сè живо

Тим Бартон е доволно впечатлив да се препознава од далеку, ама не може сè да постигне. Затоа има уметници што ќе нè внесат во паралелен универзум каде што и Дизни и Марвел и ДЦ и продуцентите на „Игра на тронови“ ќе му ги доверат приказните. Уметникот е Тарусов. Колку нè има што би ги гледале и во вакви варијанти, а колку што конечно би ги погледнале, само затоа што се Тим Бартон?

Трансформации на коса, 2022

Некои може требало и да си останат со старата фризура, некои се одлична инспирација ако ви е здосадено. Спојлер: Некои баш и не се „огромна промена“, само се Емили Ратајковски.

Фустани за на кафе

Она кога ќе ти речат „не се дотерувај, јас сум во патики“. Еве вака.

Во ред, без претерување, информации доволно немаме, ама личи како да се направени од ист човек, или барем кураторот на Фејсбук им е ист. Некои се до толку како измислени, што личат дека се направени од цветови или крила на ноќни пеперутки. Језа и убавина во исто време.

Избор од трагично глупи обувки

Некои се и брендирани. На едни се посветивме и во „Видете што направи Баленсијага“. Од некои болат очи. Најстрашни? Можеби копитата, ама не е дека секој пар на фотографииве не се труди да добие медал за најлоша обувка евер.