Земање витамини зголемува ризик од рак?

Пред бааги години, кога ни збоктисаа квази-медицински вести дека рак се добива те од ова, те од она, и кога ни стана јасно дека медиумската преплавеност со такви содржини е дел од индустријата на производство на страв и болести, цинично се запрашавме дали ќе дочекаме вест дека и витамините носат рак. Ете, дочекавме.

Рецензирана студија објавена на крајот на август во Journal of Clinical Investigation открила дека витамините можат да го стимулираат растот на нови крвни садови во клетките на ракот.

Овие нови садови можат да му помогнат на ракот да расте и да се шири низ телото.

Клетките на ракот бараат снабдување со кислород и крв богата со хранливи материи за да растат нови крвни садови. Процесот е познат како „ангиогенеза“, пренесува Ерусалим пост.

Антиоксидансите функционираат со искористување на неискористениот кислород од другите клетки, со што се намалува количината на тн. оксидативен стрес. Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на ДНК и зголемување на ризикот од рак.

„Откривме дека антиоксидансите активираат механизам кој доведува до тоа туморите да формираат нови крвни садови, што е изненадувачки бидејќи претходно се мислеше дека антиоксидансите имаат заштитен ефект“, изјавил авторот Мартин Берго за New Atlas. „Новите крвни садови ги хранат туморите и можат да им помогнат да растат и да се шират“.

Порачуваат дека нема потреба луѓето да се плашат од антиоксиданси во нормалната храна, но дека на повеќето луѓе не им требаат дополнителни количини од нив.

Се наведува и дека витамините Е и Ц можат да го стабилизираат протеинот BACH1, кој може да предизвика ширење на ракот на белите дробови.

5 септември 2023 - 13:01