Мобилните пак кабает за машки проблеми

Мажи што често користат мобилен уред имале пониска концентрација и број на сперматозоиди во споредба со оние што не се по цел ден со телефонот во рака / џеб, покажала многу нијансирана студија на Универзитетот на Женева.

Иако студија нашла проблем околу бројноста и концентрацијата, истото не било утврдено кај употребата на мобилни и формата и мобилноста на сперматозоидите. Швајцарските научници не успеваат да го поврзат ни местото каде се чува телефонот (пример дали во преден или заден џеб) со намалената бројност.

Истражувањето е дел од обидите на научниците да го објаснат падот на квалитетот на спермата последниве 50 години. Во него се споредуваат податоците од 2.886 Швајцарци на возраст меѓу 18 и 22 години кои меѓу 2005 и 2018 биле регрутирани во војска.

Групата која не користела телефон повеќе од еднаш неделно имала далеку поголема концентрација на сперматозоиди (56,5 милиони на милилитар), споредено со оние кои користеле мобилен повеќе од 20 пати на ден (44,5 милиони на милилитар).

Разликата во бројот на сперматозоиди значително се намалувала како што се подобрувала технологијата од 2Г на 3Г, а подоцна и од 3Г на 4Г.

Квалитетот на спермата е одредена од неколку фактори како концентрација, вкупен број, подвижност и форма.

И покрај резултатите, научниците препорачуваат да не се паничи претерано, и дека мажите што сакаат да го подобрат здравјето на својата сперма треба „да вежбаат (но не и да го прегреваат меѓуножјето), да имаат балансирана исхрана, да одржуваат здрава тежина, да избегнуваат пушење и да ограничат пиење алкохол.“

3 ноември 2023 - 13:33