Срушете ги семафорите за подобар сообраќај

Идејата доаѓа од Британија и звучи како план на стрип негативец кој сака да гледа како човештвото пропаѓа во хаос.

Британците тврдат дека отстранувањето на семафорите и мало преуредување на улиците (по кое изгледаат позбунувачки) е најдобар начин да се намалат сообраќајните несреќи во кои страдаат пешаците.

Како пример за ова го наведуваат почетокот на 20-от век, кога сообраќајот речиси и да не бил регулиран со семафори и слична сигнализација.

Секако ова не може да се примени во секоја ситуација, меѓутоа кога правилно би се употребила техниката таа е најдоброто решение што некој град / општина може да го спроведе.

25 април 2013 - 13:38