Се продава станот на Че Гевара

Веста е дека во Аргентина се продава станот во кој се родил Ернесто Че Гевара. Бонус информацијата што не ја знаевме е дека Че Гевара е роден и израснат во стан од 240 метри квадратни.

Зградата во Росарио во која се наоѓа станот на Че Гевера

Станот го продава Франциско Фаруџија, истиот бизнисмен што го купи станот во центарот на аргентинскиот град Росарио во 2002, со цел да го претвори културен центар. Ова никогаш не му успеа.

За сега Фаруџија нема објавено колку пари ќе бара за станот, кој инаку со години е позната дестинација за сите почитувачи на ликот и делото на Че Гевара што ќе се најдат во тој дел од светот.

Че Гевера заедно со своите соборци на 7 октомври 1967 со сесрдна помош од САД е заробен од боливиската армија, по што на 9 октомври 1967 е егзекутиран. Во последниот чин од оваа операција, лешот на левичарскиот револуционер е запален на тајна локација. Неговите останки се откриени во 1997, ископани и испратени во Куба каде повторно беше закопан.

26 јуни 2020 - 10:41