Стартап за луѓе со фетиш за стоење

Британец заработува по 160 фунти на ден (20 фунти од час) трошејќи го своето време по најразлични редови во Лондон каде чува место за богати клиенти.

Тој се фали дека е сосема професионален во својата работа „опирајќи се на нагонот да влезе преку ред“.

Фреди Бекет ова го работи веќе три години, инаку по кариера е писател. Неговата статистка покажува дека најчесто чека за настани како изложби во Викторија и Алберт музејот во Лондон или претстави во Аполо.

Неговите клиенти варираат од млади семејства кои немаат време, до стари пензионери кои не можат да чекаат а имаат пари. Најмногу работа има летно време.

Бекет посебно има гужва за време на божиќните празници, кога чека во ред за шопинг.

Други услуги што ги нуди Фреди се чување миленичиња, пакување, помош при селење, разни домашни работи и помош во градина. Главно тезгите ги наоѓа преку Таскрабит.

27 јануари 2022 - 11:30