На работа! На Онлифанс!

Најдобро платените креаторки на Онлифанс заработуваат 270 пати повеќе пари отколку просечниот Британец кој се решил на потрадиционална професија.

gem101

Математиката може не е баш најкоректна бидејќи ги споредува најдобро платените од илјадници креатори на Онлифанс со просекот на работничката плата, меѓутоа сепак се базира на официјални бројки.

Најпопуларна креаторка на Онлифанс е „gem101“ која годишно од платформата заработува 29,4 милиони долари, додека 10-то пласираната „capriceG92“ за една година заработува 4,3 милиони долари.

Ова се конзервативни пресметки бидејќи се базираат на висината на претплата што ја наплаќа креаторката помножена со бројот на претплатници. Во сумата не се влезени парите што тие им ги наплаќаат на своите претплатници за најразлични „нарачки“ и дополнителни содржини кои исто така се значителен извор на доход.

Од другата страна на анализата е доктор во Англија со 20 годишен стаж, една од највисоко платените професии, кој со своето знаење и стаж годишно ќе биде платен 109.000 долари. На второ место, по висина на просечна плата во професијата, се адвокатите, кои со 20 години стаж годишно заработуваат 90.000 долари.

Кога ќе се стават овие две вредности една наспроти друга излегува дека gem101 годишно заработува 270 пати повеќе отколку доктор во Англија кој е во пикот од својата кариера.

 

11 август 2021 - 16:52