ЦЕРН ќе врти на денот на соларното затемнување

4 милијарди долари вредниот акцелератор има закажано термин на 8 април да биде пуштен во погон за да провери да не случајно може да открие некоја нова честичка за време на целосното затемнување на Сонцето што дента треба да се случи.

Мисијата ќе биде да се открие „невидлива“ материја која тајно го придвижува нашиот Универзум. Теоријата е дека постојат 17 различни групи на честички, а ЦЕРН во 2012 со помош на Големиот Хадрон Колајдер успеа да го потврди постоењето на една.

Тоа што сега ги интересира научниците е да ја откријат темната материја. За ова научниците од ЦЕРН веќе почнаа со загревање на колајдерот за да биде подготвен за тестот на 8 април, кога во него ќе треба да се реплицираат условите од една секунда по Биг бенг.

Колајдерот, 27 километарски тунел, работи со  судирање протони еден од друг со цел да ги распарчи и да открие податомски честички што постојат во нив.

Кога работи со полна пареа низ акцелератор минуваат илјадници милијарди протони кои движејќи се само 14 км/ч поспоро од брзината на светлината го вртат 27-километарскиот круг по 11.245 пати во секунда.

Интересот за темната материја е затоа што се проценува дека на нејзе отпаѓа 28% од составот на нашиот Универзум меѓутоа таа никогаш не е видена, ниту докажана.

Најавениот настан ќе биде прво целосно затемнување на сонцето во САД од август 2017.

Научниците веруваат дека во дел од секунда по Големиот бенг од кој што настана Универзумот, се формира невидливо енергетско поле, наречено Хигсово поле. Како што честичките минуваат низ ова поле тие добиваат маса, која им дава големина и облик и им дозволува да ги формираат атомите од кои е создадено сè во Универзумот.

Колајдерот обично се користи по еден месец годишно, меѓутоа сега е изгасен од 2022, заради енергетската криза во Европа.

1 април 2024 - 15:04