Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Наредбата од сега отпуштениот Закер доаѓа во првите месеци од пандемијата, период во кој проминенти медиумски ликови и здравствени функционери ја отфрлаат теоријата дека ковид потекнува од лабораторија како неточна, дел од нив накалемувајќи и дека е расистички да се разговара на оваа тема.

Наместо и најмало разгледување на теоријата која Трамп ја спомена во неколку наврати, Си-ен-ен во тоа време тргна во сосема спротивен правец објавувајќи текстови како „Еве како да ги побиете сите дезинформации за коронавирусот и теории на заговор од пријателите и семејството.“ Зборувајќи околу можноста за протекување на вирусот, тврдење зад кое полека официјално застануваат се повеќе американски државни институции, водителот на Си-ен-ен Фред Закариа изјавува „крајната десница сега си најде сопствена теорија за заговор околу вирусот“.

Додека беше под управа на Џеф Закер, Си-ен-ен стана новинската мрежа која имаше најнепријателска позиција кон тогашниот претседател на САД.

Новинарот Том Елиот деновиве на Твитер објави серија потсетувања на тоа како меинстрим медиумите ја игнорираа и исмеваа теоријата дека ковид е протечен од лабораторија: