Нетанјаху до Меѓународниот кривичен суд: не ме занимате

Меѓународниот кривичен суд наводно е пред издавање налог за апсење на израелскиот премиер и високи функционери во израелската влада. Што е до Нетанјаху, за МКС ќе биде подобро да не си играат играчки.

Налогот за апсење од МКС според извештаите е заради израелскиот одговор на нападот на Хамас од 7 октомври. На ваквата вест, Нетанјаху порача дека каква било одлука на МКС нема да се одрази на израелските постапки, ама затоа пак ќе постави опасен преседан.

„Под мое раководство Израел никогаш нема да прифати каков било обид на МКС за поткопување на нашето осново право да се одбраниме себе си.

Иако одлуката на судот во Хаг нема да влијае на израелските постапки, таа ќе постави опасен преседан кој е закана за  војниците и функционерите,“ напишал Нетанјаху на социјалните мрежи.

Њујорк пост објави дека МКС се подготвува да отвори посебни обвиненија против Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и најверојатно првиот човек на израелскиот генерал-штаб.

Во март минатата години, судот во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и руската комесарка за деца, Мариа Лвова-Белов. Налогот значи дека ако некој од двајцата влезе во која било од 124 земји членки на МКС треба да бидат уапсени и предадени на Хаг.

Израел, исто како и Русија, не е потписник и член на Меѓународниот кривичен суд.

По дома Нетанјаху треба да се објаснува со своите крајно-десни коалициони партнери, како министерот за финансии Базалел Смотрич, кој повика на комплетно уништување на Газа, а не неодговорни и штетни преговори со Хамас.

Според Смотрич Израел треба да ја нападне Рафа „колку што може побрзо и колку што може посилно, и потоа да продолжи со срамнување на појасот се до негово целосно уништување.“ Рафа е последниот поголем палестински град во Газа кој се уште не е срамнет со земја во кој се сместени стотици илјади палестински бегалци.

28 април 2024 - 10:18