Некој се освежувал во Белата куќа

Американската Тајна служба инстантно интервенира откако нејзини луѓе наоѓаат непознат бел прашок во Белата куќа. Првите тестови на супстанцата целосно и олеснуваат на Тајната служба бидејќи покажале дека не е антракс или нешто слично, ама затоа па прилично и комплицираат на пиар службата, откако излегло дека прашокот е кокаин.

Заради прашокот Белата куќа на кратко е евакуирана и е подигнато нивото на безбедносна закана. Во тоа време претседателот Бајден не бил во Белата куќа.

Од Тајната служба не кажуваат ни каде, во која канцеларија, е најден прашокот, ни како бил спакуван. Супстанцата била откриена од припадници на униформираната единица на Тајна служба кои спроведувале рутинска проверка низ зградата.

Неофицијално, извори од Белата куќа тврдат дека се работи за мала количина на прашок, а Тајната служба работи на откривање како тој стигнал до седиштето на претседателот на САД.

Дел од медиумите објавуваат дека два дена претходно, во Белата куќа на гости беше Хантер Бајден, 52-годишниот син на американскиот претседател и поранешен наркоман, од каде сите тргнале на семеен викенд во Камп Дејвид.

5 јули 2023 - 09:43