ФБИ агентот што го ловеше Трамп за врски со Русија, уапсен за врски со Русија

Чарлс Мекгониал додека се уште бил на плата и под значка на ФБИ земал 225.000 долари во кеш од албански разузнавач, а откако се пензионирал од ФБИ почнал да работи и за рускиот олигарх Олег Дерипаска.

Додека се уште бил вработен во ФБИ, каде е на позицијата шеф на канцеларијата во Вашингтон за сајбер-контраразузнавање, тој добил во тоа време доверливи информации дека Дерипаска ќе се најде на списокот за санкционирање на руски олигарси блиски до Кремљ.

Во времето кога Мекгониал се пензионира од ФБИ во 2018, судскиот преведувач од Конектикат, Сергеј Шестаков, го поврзува Мекгониал со поранешен советски дипломат кој е ангажиран како агент на Дерипаска. Истиот овој агент го замолува Мекгониал и да му фати врски за ќерка му да биде примена во њујоршката полиција, што Мекгониал и го прави, и таа според документите добива „ВИП третман од полицијата на Њујорк“.

Во 2019 Мекгониал е ангажиран како „консултант и детектив“ од адвокатската компанија што агентот на Дерипаска ја користи за да избори укинување на санкциите против неговиот шеф.

За време на преговорите Мекгониал и лично се сретнал со Дерипаска и неговите луѓе во резиденциите на русинот во Лондон и Виена. Обидите Дерипаска да се тргне од списокот санкционирани биле прекинати од ковид-19.

За разлика од Русите, Мекгониал ја започнува соработката со албанскиот разузнавач уште во 2017 додека е на позиција во ФБИ. Тој тогаш и предложил на фармацевтска компанија да му платни на разузнавачот 500.000 долари во замена за договарање на бизнис состанок на кој ќе учествува претставник од американската делегација во САД.

Во 2017 Мекгониал се сретнал и со албанскиот премиер, кого го поттикнал да се воздржи од давање дозволи за копање на нафта руски компании, порака која била од финансиски интерес на неговите албански контакти.

За време на својот мандат во ФБИ, Мекгониал е еден до главните истражители во истрагата „Вкрстен ураган“ за наводна цела лепеза на врски меѓу руски функционери и соработници на Трамп и дали истите свесно или не се координирале со руските напори за мешање во американските претседателски избори 2016. На крај истрагата ништо не откри.

Поранешниот ФБИ агент може да добие максимум 80 години казна затвор.

25 јануари 2023 - 11:54