Екс-НСА шпиони хакирале новинари за Обединетите Арапски Емирати

Новинари и директори на новински компании како Би-би-си, Ал-Џезира биле хакирани од поранешни американски шпиони за потребите на Емиратите, објавува Ројтерс.

Американските оперативци работеле за проектот Гавран, тајна разузнавачка програма на Емиратите кои шпионирале дисиденти, милитанти и политички противници на монархијата. Освен ова, истрагата на Ројтерс покажува дека разузнавачите следеле и британски активисти и неколку неименувани американски новинари.

Во екипата платеници имало најмалку девет поранешни вработени на американската НСА и на американската војска.

„Улогата на американците во недоразбирањето меѓу Емиратите и Катар покажува како поранешните американски разузнавачи станале клучни играчи во сајбер војните на другите нации, без речиси никаква контрола од Вашингтон,“ се порачува во текстот на Ројтерс.

Во спорот, Емиратите (и екипата која ги вклучува Египет и Саудиска Арабија) бараат од Катар да ја укине Ал Џезира и уште неколку слични отстапки. Кога ова е одбиено, во јуни 2017 овие арапски држави воведуваат воздушна, поморска и копнена блокада на Катар.

Истата недела кога се воведени ембаргата оперативците на проектот Гавран започнуваат со акција за упаѓање во Ајфоните на најмалку 10 новинари и директори на медиуми за кои веруваат дека имаат врска со катарската влада Муслиманското братство, меѓу кои се Жизел Хури од Би-би-си и претседателот на Ал-Џезира, Ал Тани.

 

Според Ројтерс целта на операцијата е да се најдат докази дека катарското кралско семејство врши притисок врз Ал-Џезира и нејзината работа.

Во нападите се користи „сајбер оружје наречено Карма“, кое дозволува далечинско хакирање на Ајфон, без да има потреба тој физички да биде во твој посед. За разлика од друг ваков софтвер, жртвата не мора да кликне на некој линк, туку за програмот е доволно да внесеш нечиј меил или телефонски број.

Ројтер пишува дека по ова Карма им овозможува на напаѓачите пристап до контактите, пораките, фотографиите и останатите податоци што тие ги имаат зачувано на својот Ајфон. Меѓутоа програмот не дозволува следење на телефонските разговори.

Во целата работа оперативците на проектот Гавран немале пристап до податоците кои директно им биле предавани на надлежните разузнавачи од Емиратите.

2 април 2019 - 17:38