Разно

За образовните авторитети од „плиткото“

Гардијан како „револуционерна“ оценува една научна студија од Универзитетот Колумбија чии наоди велат дека не е баш мудро да се откажеме од хартиените книги, како што сугерираа некои наши надобудни НВО курсисти. Науката порачува: за подлабоко читање - читање од хартија, за поплитко - читање од монитор. Станува јасна приложената фотографија? 

Саух, Тесла, саух

Сопствениците на електрични автомобили во Велика Британија добија предупредување да ги држат колите наполнети во текот на ноќта и да ги загреваат пред употреба за да не бидат непријатно изненадени кога ќе излезат на пат на досега најниските температури оваа зима. Кај нив падна и на речиси минус петнаесет деновиве.

Американците задоволни од укинувањето на позитивната дискриминација

Мнозинството возрасни Американци се задоволни од одлуката на Врховниот суд да забрани при прием на факултет да се бодува и расата и етничката припадност, практика која ја имаа воведено многу инстутиции во име на поголемата вклученост на разните групи. Задоволни се не само белците туку и луѓето со азиско и хиспано потекло, па дури и црнците чиј прием опаѓаше и покрај позитивната дискриминација.

И американската авијација вработува „шуто и сакато“

Под чадорот на новотo американско вјерују: „диверзитет и инклузија“, американската федерална управа за воздухопловство активно регрутира луѓе кои страдаат и од „тешки интелектуални“ попречености, психијатриски проблеми и други ментални и физички состојби. Илон Маск е еден од оние кои не можат да се изначудат како се дојде до ова дереџе.

ВИ нека рмба, ние домаќинки ќе си бидеме

Речиси 40% од работните места кои денес постојат ширум светот би можеле да бидат погодени од развојот на вештачката интелигенција. Таквиот тренд веројатно уште повеќе ќе ја продлабочи нееднаквоста, предвидува Меѓународниот монетарен фонд. Можеби оние што поседуваат само ум и вештини ќе бидат загрозени, но затоа капиталот трие раце.

Дали Тејлор Свифт е таен агент на Пентагон?

И корпусот теории на заговор не може да остане на старите добри, „Земјата е рамна,“ „Плавооките луѓе се по потекло од Марс“ или „Ковачевски е од Харвард“. И на тоа поле се потребни новитети, особено кога постојат медиуми што се спремни да ги бустаат. Во случајов, Фокс њуз кој на секој начин пробува да ја пополни дупката во рејтингот која се направи со заминувањето на Такер Карлсон.

99% од Американците живеат во близина на мексикански ресторан

Мексиканците се демографски најпотентната група во САД и се очекува следната деценија да ги претекнат црнците. Што заради зголемената миграција, што заради мексиканските шефови како Енрике Олвера, Аарон Санчез, Сандовал и други кои ја популаризираа мексиканската кујна, да прашаш во Америка за мексикански ресторан е како кај нас да прашаш дали во близина има кладилница. 

Што знае вештачка интелигенција што е авторско право

Автори, креатори и медиумски величини како што е Њујорк тајмс веќе ја тужат вештачката интелигенција дека бесправно го користи нивниот труд заштитен со авторски права, за после да им се курчи на луѓе колку е паметна. ОпенАИ признава дека е така ама замолува авторските содржини да можат да се користат бесплатно барем за обука.

Папата бара забрана на сурогат мајчинството

Поглаварот на римокатоличката црква одамна го смета сурогат мајчинството за нехумана практика која е понижувачка и за мајката и за детето. Пред некоја година ја нарече „матка на изнајмување.“ Франциско бара глобална забрана на оваа практика и порачува дека е жално едно дете да постои на основа на комерицјален договор.

Колку мои пари одат за убивање Палестинци

Американски новинар решил да пресмета колкав е неговиот личен придонес кон војната и страдањата во Газа. Тргнал од данокот што ќе го плати и да смета колкав е тоа дел од американските пари што се слеваат во израелската држава. Не му испадна некоја голема сума но и толку не му се дава за да страдаат цивили и деца. Така доаѓа до потешкото прашање на кое, за жал, не наоѓа одговор.

Гужва на океаните

Користејќи сателитски снимки и вештачка интелигенција, истражувачи ја мапираа човечката активност на море со поголема прецизност од кога било досега. Се обелодени огромна индустриска активност што претходно не беше детектирана, од сомнителни  риболовни операции до експлозија на енергетски сектор во водите.

Руди Џулијани: Требаше да си земам пензија

На времето, кога беше јак, некогашниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани, великодушно се откажа од пензијата која му следуваше, препуштајќи ги парите на градот кој го водеше. Сега кога е рикавела и мораше да прогласи личен банкрот, поштено се кае што дигнал раце од таа добивк, која досега ќе му донесеше околу половина милион долари.  

Џон Клиз ги напна фановите на Трамп

Џон Клиз им има нагазено на нерв на разни носители на модерното време кое тој прецизно го опиша: „Живееме во време на шупци“. Кансел културата ја надитри со тоа што самиот се откажа од себе (што мора други да те откажуваат?) а со транс-лобито се справи кога им кажа дека сака да е камбоџанска полицајка. Овојпат од него се тригерна големо парче публика - фановите на Трамп. Големо чудо.

Револт против разбудениот капитализам

2023 година му зададе неколку фини шлаканици на разбудениот капитализам и бизарниот тренд корпорации да им држат лекции на обичните луѓе за „социјалната правда“, климатските промени и другите псевдо-прогресивни каузи. Бад Лајт, Викторија Сикрет, Унилевер и многу други компании почувствуваа дека купувачите гласаат со своите паричници и сменија плоча.

Засади сомнеж во садењето дрвја

Во 2019 година, екологот Томас Кроутер предизвика глобален тренд за садење дрвја за да се компензираат емисиите на јаглерод. Четири години подоцна, некогаш главниот научен советник за „кампањата за трилион дрвја“ на Обединетите нации се пишмани и апелира до еко-лидерите да се откажат од идеите за масовно садење дрвја.

Нашиве и онака се ботови

Бразил троши 13% од целиот свој бруто домашен производ на плати и пензии за државни службеници. Огромен апарат од прилично неефикасни и неретко корумпирани лица кои живеат на државен трошок. Притоа, како и овде, глумат незаменливи, демек извршуваат сериозни државни, градски и управни задачи и операции. Како и овде, не се ни свесни дека во врат им диши ЧетГПТ.

Русите и Украинците конечно се согласија околу нешто

Украинците и Русите во последно време имаат многу малку допирни точки, но една руска телевизиска серија создаде чудна конекција меѓу двата народа. И во двете земји, публиката ја голта серијата, ама и во двете земји, бирократите сакаат да ја забранат. Наша реакција: штом и Украина и Русија сакаат да забранат нешто, тоа мора да се види.

Забеганоста на привилегираните елити

На интернет протече снимка од млад дечко кој се снимал како се буфта во официјалните простори на американскиот Сенат по што брзо отказ од позицијата помошник на еден сенатор. Ок, младост, лудост. Она што ни е поинтересно; дечкото пробува да се позиционира како жртва во целиот случај. А други го јачаат дека тоа неговото било бунтовништво.

За да светнете за празниците - ракија од Чернобил

После нуклеарната катастрофа се веруваше дека тоа ќе остане трајна црна дупка за живот од секаков вид. Но во последните децении, флората и фауната покажаа извонредна виталност за обновување, а на некои видови им оди и подобро отколку кога таму живееја луѓе. Сега прават и алкохоли од локално одгледан мастраф. Не се радиоактивни, освен ако не претераш, ама тогаш сите ракии се радиоактивни.    

Знаат ли ТИЕ дека е Божиќ?

Време е е Боб Гелдоф, Боно и другите прочуени англиски хуманитарци уште еднаш да ја запеат "Do They Know It's Christmas". Овојпат не за Етиопија или слична земја за жалење туку за по дома. Соберете го вкупниот број на жители на Битола, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид и Струга, ќе добиете приближен број на оние во Англија кои овој Божиќ нема да го дочекаат со сигурен покрив над глава.

Турција туристички ја претицува Франција

Турција е на пат да ѝ го заземе на Франција второто место како најпожелна дестинација за одмор во  Европа. Причините не лежат во баклавите, ашурињата и другите делиции на турската кујна, ниту во некои новооткриени природни убавини и културни наследства на земјата. Во Турција се оди по здравје.

За Кисинџер прашајте ги во Камбоџа

Кога Хенри Кисинџер почина во цветот на својата старост на 100 години, западните лидери се наредија да го оплачат и да потсетат каков великан изгуби светот. За Џорџ Дуплове Буш тој беше „еден од најубедливите гласови во меѓународната политика“. Тони Блер го нарече „уметник на дипломатијата“ а Борис Џонсон „гигант на дипломатијата и миротворец“. Миротворец?

Колку си побогат, толку повеќе пари ти требаат за да бидеш среќен

Сите го слушнале она дека „со парите не можеш да ја купиш среќата,“ па сепак, секој би сакал тоа да го провери на сопствен пример. Една друга гачка вика дека парите не може да ти купат среќа, ама па со нив можеш да ја ренташ. Миленијалците се најубедени дека најсигурен пат до среќата се парите.

Астрономските скриени трошоци на поседување електрична кола

Тексашки тинк-тенк (Фондација за јавна политика на Тексас) неодамна излезе со извештај за сите скриени трошоци кои постојат во поседување електричен автомобил, со кои тоа решение излегува значајно поскапо од имање стандардна кола со мотор со внатрешно согорување. Па да ги стават Теслите на плин, ако не?