Казандол до Австралија

Бритиш петрол (оние што пред 8 години направија катастрофа во Мексиканскиот залив) сакале да бушат во Австралија, Во предлогот до Владата пишале дека ако им се истури нафта и таму, нејзиното расчистување ќе ја раздвижи локалната економија.

Крајбрежните градови би имале бенефит од евентуално протекување на нафта бидејќи расчистувањето на штетата би ја зајакнало нивната економија, навеле БП во својот контроверзен план за две нафтени бушотини кај големиот јужен австралиски залив.

Во преписките со надлежните власти навеле и дека според нивните проценки, таквиот инцидент би поминал како "општествено прифатлив".

Властите оценуваат дека планот на BP потфрлил да адресира неколку клучни точки околу заштитата на човековата средина, особено импликациите вез китовите и останатиот морски свет.

Бидејќи подоцна Бритиш петрол се откажа од намерата, за новооткриените документи сега вели дека биле прелиминарни преписки со властите кои не ги одразуваат конечните ставови на компанијата.

Дел од лиценците БП подоцна префрла на оф-шор компанијата Статоил. Екологистите предупредуваат дека Статоил би можеле да исфрлат 400 милиони литри нафтено ѓубре со кои се загрозува брег долг 750 километри.

Што значи дека шансите за локален економски бум остануваат.

7 април 2018 - 12:31