Како помогнав во падот на Хилари

Новинарката на Њујорк тајмс Ејми Чозик објави книга во која пишува за своето искуство од двете претседателски кампањи на Хилари Клинтон, посебно осврнувајќи се на тоа дали медиумите, вклучувајќи се и самата себе, придонеле за рушење на стандардите.

„Цела деценија, речиси секоја важна одлука што ја прави Ејми Чозик се врти околу Хилари Клинтон.

Од планирање на нејзината свадба до одлучување дали ќе ги замрзне своите јајце клетки, Чозик сè планира за да биде во склад со неизбежната кандидатура на Клинтон. Таа ја покрива првата кандидатура во 2008, како млад новинар на Вол стрит журнал. Во 2016, таа е главниот известувач на Њујорк тајмс за Клинтон,“ пишува Сабрина Садики во Гардијан.

Резултат на ова 10-годишно искуство е книгата „Chasing Hillary: Ten Years, Two Presidential Campaigns, and One Intact Glass Ceiling.“

Последен пат кога се гледаат Чозик и Садики е по гласањето на Хилари Клинтон на денот на изборите во 2016, како дел од групата новинари кои 19 месеци патуваат заедно со неа. Кога повторно се слушаат, Трамп веќе година и пол е претседател, и се подготвува за посетата на Макрон на САД.

„Не верувам дека Трамп ќе можеше да дојде на власт ако медиумите не беа во ваква состојба. Доналд Трамп знаеше како постојано да го привлекува нашето внимание,“ изјавува Чозик, објаснувајќи дека кај Хилари цело време работата се враќала на едно исто „мејлови, мејлови, мејлови“.

Токму весникот за кој работи Чозик го објавува скандалот дека Клинтон користи приватен меил сервер додека е Државен секретар на САД, што според новинарката е „легитимна сторија кога фаворитот за претседател на САД е под истрага на ФБИ.“

Во книгата авторката пишува дека во најфрустрирачките моменти од кампањата му кажува на својот сопруг „Таа (Хилари) стварно, стварно ме мрази.“ Запрашана дали вистински се чувствува дека Хилари ја мрази, Чозик објаснува дека „со луѓето кои ги покриваш треба да имаш спротивставен однос, не дека некој од нас сакаше да биде најдобар другар со нејзе. Цела деценија од животот се обидов фер да известувам за нејзе.“

Чозик во книгата најмногу жали и се преиспитува дали таа и останатите членови на медиумите биле пиони во обидот на Русија да ги сврти изборите во корист на Трамп, пишувајќи: „зашеметувачки е да сфатиш дека без да знаеш си завршил на погрешната страна на историјата.“

„Во книгата има речиси премолчано признание дека можеби имало одредена вистина во постојаните тврдења од кампањата на Клинтон дека новинарите не ги сфаќаат сериозно нивните предупредувањата за Русите и нивната улога во хакирањето на Подеста и Демократскиот национален комитет.

...

Во алтернативен универзум, Чозик сега ќе пишуваше за првиот женски претседател. Наместо тоа таа се најде себеси вдлабочена во пишување мемоар кој кулминира со тоа како Клинтон ја гледа инаугурацијата на Трамп,“ пишува Садики.