Како Интерсепт ја издаде девојката што им го испрати извештајот на НСА

Неколку часа откако Интерсепт го објави доверливиот извештај на НСА за руското мешање во американските избори веќе имаше налог за апсење на изворот на документот. Грешката е и кај изворот и кај медиумот.

Документот што го објави Интерсепт не е оригиналниот ПДФ од извештајот, туку ПДФ кој содржи слики од печатената верзија на документот.

"Проблемот е што најголемиот број нови модели печатачи на листовите печатат речиси невидливи жолти точки кои подоцна можат да се искористат за идентификување кога и каде, кој било документ бил отпечатен.

Затоа што НСА води евиденција за секое печатење на документи на нивните печатачи, таа може да го искористи шаблонот за прецизно да утврди кој го отпечатил документот," објаснуваат од Ерата секјурити.

Луѓето од компанијата за компјутерска безбедност ја рекреираат целата постапка што била потребна за идентификување.

1. Зумираат на белиот простор од документот, на кој нема текст (горниот дел), и прават принт-скрин:

2. Сликата од принт-скринот ја префрлаат во Фотошоп (или некој друг програм за уредување слики) и прават замена на боите, бело во црно:

3. Затоа што е наопаку ја ротират сликата за 180 степени и ја зачувуваат. Шаблонот веќе е видлив:

4. Одат на сајтот на ЕФФ и рачно го внесуваат шаблонот од сликата:

5. Го добиваат следниот резултат:

Документот е отпечатен на машина со број на модел 54, сериски број 29535218, на 9-ти мај 2017 во 6 и 20 часот. НСА повеќе од сигурно има запис кој го користел печатачот во тоа време.

Најлесно решение според луѓето од Ерата секјурити за да се избегнат вакво бламирање - користи црно-бел печатач.

7 јуни 2017 - 15:02